Zanussi ZRB35210WA User Manual

Page of 68
Почетно вклучување
ВНИМАНИЕ!
Пред да го ставите приклучокот
во штекерот и да го вклучите
апаратот за прв пат оставете го
апаратот исправено најмалку 4
часа. Ова е доволно време за
маслото да се врати во
компресорот. Поинаку,
компресорот или електричните
компоненти може да претрпат
штета.
Чување на замрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во комората, оставете апаратот
да работи барем 2 часа со вклучена
функција QuickFreeze.
Ако треба да се чуваат поголеми
количества храна, извадете ги сите фиоки
од апаратот и ставете ја храната на
стаклената полица за да добиете најдобри
резултати.
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало
струја подолго време отколку
под ставката „време на
одржување“ во табелата за
технички карактеристики,
одмрзнатата храна мора да се
изеде брзо или да се зготви
веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
Замрзнување на свежа храна
Преградата за замрзнување е погодна за
замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
За да замрзнете мала количина на свежа
храна, не е неопходно да ја менувате
моменталната поставка.
За да замрзнете свежа храна, вклучете ја
функцијата QuickFreeze најмалку 24 часа
пред да ја ставите храната во
замрзнувачот.
Ставете ја свежата храна којашто треба да
се смрзне долната преграда.
Максималната количина на храна што
може да се замрзне за 24 часа е наведена
на плочката со спецификации, етикета што
се наоѓа во внатрешноста на апаратот.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот на
овој период не требa да додавате друга
храна за замрзнување.
Кога ќе заврши замрзнувањето, вратете на
потребната температура (видете во
„Функција QuickFreeze“).
Во оваа состојба, температурата
на преградата на фрижидерот
може да падне под 0°C. Ако се
случи тоа, поставете го
регулаторот на температурата
на поставка за повисока
температура.
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна,
пред да се употреби, може да се одмрзне
во преградата на фрижидерот или на
собна температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи така што полиците може да се
наместат по желба.
Местење на полици на вратата
За да се овозможи чување на пакети храна
во разни големини, полиците на вратата
може да се поставуваат на различни
висини.
Постепено влечете ја полицата во насока
на стрелките додека не се ослободи, а
потоа наместете ја по желба.
www.zanussi.com
33