Bosch HBC 84 H 501 User Manual

Page of 72
11
При одмрзнувањето на месо и живина настанува течност. 
При вртењето, отстранете ја и во никој случај немојте да ја 
употребувате понатаму или да ја допирате со друга храна.
Сад
Ставете ја храната на рамен сад, наменет за микробранови 
печки, на пр. стаклена или порцеланска чинија, и не ставајте 
капак одозгора.
При одмрзнување на пиле или делови од пиле (P03), 
сигналот за вртење ќе се огласи двапати.
Мирување
Заради изедначувањето на температурата, одмрзнатата 
храна би требало да мирува уште 10 до 30 минути. На 
големите парчиња месо им е потребно подолго време на 
мирување отколку на малите. Пред мирување, рамните 
парчиња и меленото месо би требало да се раздвојат.
Потоа можете понатаму да ја обработувате храната, дури 
иако на дебелите парчиња месо евентуално сè уште им е 
замрзнато јадрото. Кај живината, сега можете да ги извадите 
внатрешните делови.
Програми за готвење
Со 3 програми за готвење, можете да готвите ориз, компири 
или зеленчук.
Напомени
Подготвување храна
Измерете ја храната. Тежината Ви е потребна за 
поставување на програмата.
Сад
Гответе ја храната во сад со капак, наменет за микробранова 
печка. За оризот треба да користите голем и висок калап. 
Ставајте го садот на ниската решетка.
Ориз (P05)
Напомена: Немојте да употребувате торбичка за готвење ориз. 
Оризот за време на готвењето силно пени. Поставете ја 
тежината во сирова состојба (без течност). На оризот му се 
додава два до два ипол пати поголемо количество течност.
Компири (P06)
Напомена: Солени компири:
 
Сечете ги на еднакво големи парчиња. На 100 гр компири се 
додава 1 супена лажица вода и малку сол.
Зеленчук (P07)
Напомени
свеж зеленчук:
 
Сечете ги на еднакво големи парчиња. На 100 гр зеленчук се 
додава 1 супена лажица вода.
Мирување
 
Кога програмата ќе заврши, промешајте ја храната уште 
еднаш. Заради изедначувањето на температурата, таа би 
требало да мирува уште 5-10 минути.
Резултатите од готвењето зависат од квалитетот и составот 
на храната.
Комбинирани програми
Напомени
Извадете ја храната од пакувањето и измерете ја. Ако не 
можете да ја внесете точната тежина, заокружете ја.
Сад
Гответе ја храната во не многу голем, огноотпорен сад, кој е 
соодветен за употреба во микробранови печки. Ставајте го 
садот на ниската решетка.
Јагнешко месо, средно печено (P12)
 
Соодветно е јагнешко месо од плешката или јагнешка нога без 
коска.
Ролат од мелено месо (P13)
 
Програмата е соодветна за ролат од мелено месо кој не е 
повисок од 7 цм.
Риба, цела (P14)
 
Најпрво исчистете ја кожата од рибата. Ставете ја рибата во 
„пливачка положба“ во садот.
Тавче со ориз (P15)
 
Внесете ја само тежината на оризот. Соодветни се тавчиња со 
ориз со зеленчук, риба или месо од живина. Употребувајте 
само свежи состојки. Употребувајте само висок сад без капак.
Мирување
 
Заради изедначувањето на температурата, храната по 
завршувањето на програмата би требало да мирува уште околу 
5-10 минути.
Поставување на функциите за време
Вашата печка има различни функции за време. Со копчето 
0
 
вчитајте го менито и менувајте меѓу одделните функции. Сè 
додека можете да поставувате, светкаат сите симболи за 
време. Стрелката 
Ви покажува, кај која функција за време се 
наоѓате. Веќе поставената функција за време директно можете 
да ја смените со копчето 
@
 или 
A
, ако пред симболот за време 
се наоѓа стрелката 
.
Поставување на алармот
Алармот можете да го користите како кујнски аларм. Тој 
работи независно од печката. Алармот си има свој сопствен 
сигнал. На тој начин ќе слушнете, дали истекол алармот или 
времетраењето.
Бр. на програма.
Тежина во кг
Одмрзнување
P 01
Мелено месо
0,20 - 1,00
P 02
Парчиња месо
0,20 - 1,00
P 03
Пиле, парчиња 
пилешко
0,40 - 1,80
P 04
Леб
0,20 - 1,00
Бр. на 
програмата
Опсег на тежина во 
кг
Готвење
05
Ориз
0,05 - 0,20
06
Компир
0,15 - 1,00
07
Зеленчук
0,15 - 1,00
Бр. на 
програмата
Опсег на тежина 
во кг
Комбинирано готвење
08
Тепсија, замрзната*
 
(до 3 цм висина)
0,40 - ,1,20
09
Пиле, цело*
0,50 - 2,00
10
Говедско месо, средно 
печено*
0,50 - 1,50
11
Печен свински врат
0,50 - 2,00
12
Јагнешко месо, средно 
печено
0,80 - 2,00
13
Ролат од мелено месо*
0,50 - 1,50
14
Риба, цела*
0,30 - 1,00
15
Тавче со ориз со свежи 
состојки
0,05 - 0,20
* Употребувајте садови без капаци