Bosch HBC 84 H 501 User Manual

Page of 72
16
Акриламид во храната
Која храна е засегната со ова?
 
Акриламидот пред сè настанува кај производите од житарки и 
компир, подготвени на висока температура, како на пр. чипс, 
помфрит, тост, лепчиња, леб, фини печива (кекс, медени 
колачиња, шпекулациус).
Совети за заштеда на енергија и заштита на околината
Овде ќе добиете совети, како може да заштедите енергија при 
печењето и пржењето и како правилно да го отстраните 
вашиот уред.
Заштеда на енергија
Загрејте ја претходно рерната само тогаш, кога во рецептот 
или табелите на упатството за употреба така е  определено.
Употребувајте темни, црни лакирани или емајлирани калапи 
за печење. Тие многу добро ја апсорбираат топлината.
За време на готвењето, печењето или пржењето отворајте ја 
вратата од рерната што е можно поретко.
Доколку печете повеќе колачи, најдобро е да ги печете 
едноподруго. Рерната е сеуште топла. Притоа се скратува 
времето за печење на вторите колачи. Исто така можете да 
вметнете 2 калапи за леб еден покрај друг.
Доколку Ви треба подолго време за готвење може да ја 
исклучите рерната 10 минути пред крајот на времето за 
готвење и да ја користите преостанатата топлина за 
допекување.
Отстранување согласно прописите за 
животна средина
Амбалажата отстранете ја согласно прописите за животна 
средина.
Тестирано за Вас во нашето студио за готвење
Овдека можете да најдете избор на јадења и оптимални 
поставки. Ние ќе Ви покажеме, кој вид на загревање, 
температура или микробранова моќност се најсоодветни за 
Вашето јадење. Ќе добиете податоци за соодветната опрема и 
за тоа, на која висина таа треба да се постави. Ќе добиете 
совети за садовите и за приготвувањето.
Напомени
Вредностите од табелите секогаш важат за вметнување во 
ладен и празен простор за готвење. Загревајте претходно 
само во случај ако е тоа наведено во табелата. Пред 
употреба, отстранете ја целата опрема што не Ви е потребна 
од просторот за готвење.
Откако претходно сте загреале, обложете ја опремата со 
хартија за печење.
Времињата во табелите се само насоки. Тие зависат од 
квалитетот и составот на храната.
Употребувајте ја испорачаната опрема. Дополнителната 
опрема ја добивате како специјална опрема во 
специјализираните продавници или кај корисничкиот сервис.
Кога вадите жешка опрема или садови од просторот за 
готвење, секогаш употребувајте крпи за тенџериња.
Одмрзнување, греење и готвење со 
микробрановата печка
Во следните табели ќе најдете многубројни можности и 
поставени вредности за микробрановата печка.
Времињата во табелите се само насоки. Тие зависат од садот, 
квалитетот, температурата и составот на храната.
Во табелите често се наведува временскиот опсег. Најпрво 
прилагодете го пократкото време и продолжете го, ако е 
потребно.
Може да се случи да имате поинакви количества од оние, што 
се наведени во табелата. За тоа постои цврсто правило: Двојно 
количество - речиси двојно времетраење, половина количество 
- половина времетраење.
Ставајте го садот на средината на ниската решетка. Така 
микробрановите можат да ги достигнат јадењата од сите 
страни.
Одмрзнување
Напомени
Ставете ја замрзнатата храна на решетка во отворен сад.
Осетливите делови, како на пр. пилешките нозе и крилца или 
мрсните маргинални делови од печеното можете да ги 
покриете со мали парчиња од алуминиумска фолија. 
Фолијата не смее да допира до ѕидовите на просторот за 
готвење. По половина од времето за одмрзнување, можете 
да ја извадите алуминиумската фолија.
Одвреме-навреме, 1 до 2 пати, свртете ги јадењата или 
мешајте ги. Големите парчиња би требало да ги свртите 
повеќепати. При вртењето, отстранете ја течноста која 
настанала од одмрзнувањето.
Идеи за подготовка на јадења без акриламид
Општо
Времето за готвење нека биде колку што е можно пократко. Јадењата нека потемнат 
со златно-жолта боја, не да стануваат претемни. Големите, дебели парчиња храна 
содржат помалку акриламид.
Печење ситни колачи
Конвенционално макс. 200 ºC, со 3D-топол воздух или топол воздух макс.180 ºC. Кон-
венционално макс. 190 ºC, со 3D-топол воздух или топол воздух макс. 170 ºC. Јајцето 
или жолчката од јајцето го намалува создавањето на акриламид.
Помфрит во печка
Се распоредува на тавчето рамномерно и во еден слој. Се пече најмалку 400 гр по 
тавче, за да помфритот не се исуши.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 
2012/19/ЕЗ за електро и електронски апарати (waste 
electrical and electronic equipment - WEEE).
Прописот ја дава рамката за враќање и 
искористување на старите апарати, важечко ширум 
Европа.