Bosch HBC 84 H 501 User Manual

Page of 72
18
Загревање на јадења
Опасност од попарување!
При загревање на течности може да дојде  до зовривање. Тоа 
значи дека е постигната температурата на зовривање, без да 
излезат типичните меурчиња пареа. Веќе при мало  
протресување на садот врелата течност може наеднаш да 
преврие и да се распрска. При загревање на течности секогаш 
ставете една лажица во садот. Така ќе го избегнете 
зовривањето.
Внимaниe!
Метал - на пр. лажица во стакло - мора да биде оддалечена  
најмалку 2 см од ѕидовите на микробрановата печка и 
внатрешната страна на  вратата. Искрите може да го уништат 
внатрешното стакло на вратата.
Напомени
Извадете ги готовите јадења од амбалажата. Тие ќе се 
притоплат побрзо и рамномерно во сад погоден за  
микробрановата печка. Различните компоненти од јадењето 
може да се притоплат со различна брзина.
Секогаш покривајте го  јадењето. Доколку немате соодветен 
капак за садот,  ставете една чинија или специјална фолија 
за микробранова печка.
Јадењата треба одвреме-навреме до пати да ги промешате 
одн. превртите. Контролирајте ја температурата.
По загревањето,  оставете ги јадењата уште 2 до 5 минути за 
да се изедначи температурата.
Секогаш користете  кујнски ракавици или кујнска крпа за 
вадење на садот.
Готвење на јадења
Напомени
Плоснатите јадења побрзо се зготвуваат од високите. 
Распределете го јадењето што е можно порамно во садот. 
Намирниците не смее  да се редат во слоеви едно врз друго.
Гответе ги јадењата во затворен сад. Доколку немате 
соодветен капак за садот,  ставете една чинија или 
специјална фолија за микробранова печка.
Ќе се задржи типичниот вкус на јадењата. Затоа внимавајте 
при зачинувањето и солењето на јадењата.
По загревањето,  оставете ги јадењата уште 2 до 5 минути за 
да се изедначи температурата.
Секогаш користете  кујнски ракавици или кујнска крпа за 
вадење на садот.
Зеленчук, на пр. грашок, брокула, 
моркови
300 гр
600 W, 8-10 мин.
затворен сад; се додава 1 супена лажица 
вода
600 гр
600 W, 15-20 мин.
Пире од спанаќ
450 гр
600 W, 11-16 мин.
гответе без додавање вода
Одмрзнување, греење или готвење 
на длабоко смрзнати јадења
Тежина
Микробранова моќност во вати, 
времетраење во минути
Напомени
Греење на јадењата
Тежина
Микробранова моќност во 
вати, времетраење во минути
Напомени
Мени, јадење во чинија, готово 
јадење
350-500 гр
600 W, 5-10 мин.
Извадете го јадењето од пакувањето, 
покријте го за греење
Пијалаци
150 мл
900 W, 1-2 мин.
Внимaниe!
Ставете лажица во чашата, немојте да ги 
прегревате алкохолните пијалаци, 
одвреме-навреме контролирајте
300 мл
900 W, 2-3 мин.
500 мл
900 W, 3-4 мин.
Храна за бебиња, на пр. шишенце со 
млеко
50 мл
360 W, околу 1 мин.
Шишенцето ставете го на дното од про-
сторот за готвење, без цуцла или капаче, 
по загревањето добро протресете го или 
измешајте, задолжително контролирајте 
ја температурата
100 мл
360 W, 1-2 мин.
200 мл
360 W, 2-3 мин.
Супа
 
1 шолја
 
175 гр
 
900 W, 2-3 мин.
-
2 шолји
по 175 гр
900 W, 4-5 мин.
4 шолји
по 175 гр
900 W, 5-6 мин.
Кришки или парчиња месо во сос, на 
пр. гулаш
500 гр
600 W, 10-15 мин.
покриено
Вариво
400 гр
600 W, 5-10 мин.
затворен сад
800 гр
600 W, 10-15 мин.
Зеленчук
150 гр
600 W, 2-3 мин.
се додава малку течност
300 гр
600 W, 3-5 мин.
Готвење на јадењата
Тежина
Микробранова моќност во вати,
 
Bреметраење во минути
Напомени
Цело пиле, свежо, без 
внатрешни делови
1,5 кг
600 W, 30-35 мин.
свртете по половина од времето
Рибин филет, свеж
400 гр
600 W, 5-10 мин.
-
Зеленчук, свеж
250 гр
600 W, 5-10 мин.
сечете ги на еднакво големи парчиња; на 
100 гр се додава 1 до 2 супени лажици вода; 
одвреме-навреме се меша
500 гр
600 W, 10-15 мин.