Bosch HBC 84 H 501 User Manual

Page of 72
4
Секогаш  поставувајте ја опремата 
правилно во комората за готвење. Види 
опис Опрема во упатството за употреба.
Опасност од пожар!
Запалливите предмети во комората за 
готвење може да се запалат. Не чувајте 
запалливи предмети во комората за 
готвење. Никогаш не ја отворајте вратата 
од уредот, доколку настане чад во 
уредот. Исклучете го уредот и извлечете 
го струјниот приклучок или исклучете го 
осигурувачот од кутијата со осигурувачи.
Опасност од пожар!
Користењето на уредот, доколку не е во 
согласност со одредбите, може да 
предизвика опасност и штети.
 
Не е дозволено сушење на оброци или 
облека, затоплување на папучи, перници 
полнети со зрна, сунѓери, влажни крпи за 
чистење и слично.
 
На пр. затоплените папучи, перниците 
полнети со зрна по неколку часа 
затоплување може да се 
запалат.Користете го уредот исклучиво 
за подготовка на јадења и пијалаци.
Опасност од пожар!
Намирниците може да се запалат. Не 
притоплувајте прехранбени производи во 
изолирани амбалажи.
 
Не притоплувајте прехранбени производи 
во садови од пластика, хартија или други 
запаливи материјали без надзор.
 
Не поставувајте преголема јачина на 
микробранови  или предолго време. 
Раководете се според податоците од ова 
упатство за  употреба.
 
Не сушете прехранбени производи со 
микробрановата печка.
 
Не одмрзнувајте и не притоплувајте 
прехранбени производи со мал процент 
на вода, како на пр. леб, со превисока 
јачина на микробранови или предолго 
време.
Опасност од пожар!
Маслото од јадењето може да се запали. 
Не затоплувајте само масло за јадење во 
микробрановата печка.
Опасност од експлозија!
Течностите и другите прехранбени 
средства во цврсто затворени садови може 
да експлодираат. Не загревајте течности и 
други прехранбени производи во цврсто 
затворени садови.
Опасност од здравствени оштетувања!
Како резултат на погрешното чистење, 
горната површина на уредот може да се 
оштети. Енергијата може да излезе 
надвор од микробрановата печка. 
Редовно чистете го уредот и веднаш 
отстранувајте ги остатоците од јадењата. 
Комората за готвење, дихтунгот на 
вратата и граничникот држете ги секогаш 
чисти; видете во поглавје Одржување и 
чистење.
Опасност од здравствени оштетувања!
Доколку е оштетена вратата од комората 
за готвење или дихтунгот на вратата 
може да излезе микробрановата 
енергија. Не го користете уредот, доколку 
е оштетена вратата од комората за 
готвење или дихтунгот на вратата. 
Повикајте ја сервисната служба.
Опасност од здравствени оштетувања!
Кај уредите без поклопец за куќиштето 
излегува микробранова енергија. Не го 
вадете поклопецот од куќиштето. За 
одржување и поправка повикајте ја 
сервисната служба.
Опасност од електрични празнења!
Несоодветните поправки се опасни. 
Поправките и замената на дефектните 
кабли можат да се вршат само од лица 
кои се вработени во Сервисот за 
техничка помош и кои се соодветно 
обучени. Доколку уредот се расипе, 
исклучете го од струја или пак исклучете 
го осигурачот во кутијата со осигурачи. 
Известете го Сервисот за техничка 
поддршка.
Опасност од струен удар!
На жешките делови од уредот, 
изолацијата на електричните уреди може 
да се стопи. Приклучниот кабел на 
електричните уреди не го допирајте до 
жешките делови од уредот.
Опасност од струен удар!
Влагата што навлегла може да 
предизвика струен удар. Не користете 
средство за чистење под висок притисок 
или на пареа.
Опасност од струен удар!
Навлезената влага може да предизвика 
струен удар. Не го изложувајте уредот на 
прекумерна топлина и влага. Користете 
го уредот само во затворени простории.
Опасност од струен удар!
Дефектниот уред може да предизвика 
струен удар. Не го приклучувајте уредот 
доколку има дефект. Извлечете го 
струјниот кабел или осигурувачот од 
кутијата со осигурувачи. Повикајте ја 
сервисната служба.
Опасност од струен удар!
Уредот работи со висок напон. Никогаш 
не го вадете куќиштето.
Опасност од опекотини!
Уредот станува многу жежок. Не ги 
допирајте внатрешните површини на 
комората за готвење или грејните 
елементи. Секогаш оставајте го уредот да 
се олади. Држете ги децата подалеку.
Опасност од опекотини!
Опремата или садовите стануваат жешки. 
Жешката опрема или садови секогаш