Bosch HBC 84 H 501 User Manual

Page of 72
5
вадете ги со кујнска ракавица од 
комората за готвење.
Опасност од опекотини!
Пареата од алкохолот може да се запали 
во врелата рерна. Не подготвувајте 
оброци во големи количини со голем 
процент на алкохол. Употребувајте само 
мали количини на пијалаци со висок 
процент на алкохол. Внимателно 
отворете ја вратата од уредот.
Опасност од изгореници!
Намирниците со цврста лушпа или кожа 
може за време и по притоплувањето 
експлозивно да се распрскаат. Не 
гответе јајца во лушпа и не притоплувајте 
тврдо варени јајца. Не гответе храна од 
животинско потекло со лушпи и кожа. 
При приготвување на јајца на око или 
јајца во чаша, претходно боцнете ја 
жолчката. Кај намирниците со цврста 
лушпа или кожа како на пр. јаболко, 
домати, компири или виршли, лушпата 
може да пукне. Пред притоплувањето 
боцнете ја лушпата или кожата.
Опасност од изгореници!
Топлината во бебешката храна не е 
рамномерно распределена. Никогаш не 
притоплувајте бебешка храна во 
затворени садови. Секогаш вадете го 
капакот или цуцлата. По притоплувањето 
добро  промешајте или протресете. 
Проверете ја температурата, пред да му 
ја дадете храната на детето.
Опасност од изгореници!
Вжештените јадења создаваат топлина. 
Садот  може да се вжешти. Садовите или 
опремата секогаш вадете ги со кујнски 
ракавици од комората за готвење.
Опасност од изгореници!
Кај вакуумираните прехранбени 
производи амбалажата може да пукне. 
Секогаш внимавајте на податоците на 
амбалажата. Јадењата секогаш вадете ги 
со кујнски ракавици од комората за 
готвење.
Опасност од попарување!
При отворање на вратата од уредот може 
да излезе врела пареа. Внимателно 
отворете ја вратата од уредот. Држете ги 
децата подалеку.
Опасност од попарување!
Поради водата во врелата комора за 
готвење  може да настане врела пареа. 
Не налевајте вода во жешката комора за 
готвење. 
Опасност од попарување!
При загревање на течности може да 
дојде  до зовривање. Тоа значи дека е 
постигната температурата на зовривање, 
без да излезат типичните меурчиња 
пареа. Веќе при мало  протресување на 
садот, врелата течност може наеднаш да 
преврие и да се распрска. При 
загревањето секогаш ставете една 
лажица во садот. Така ќе го избегнете 
зовривањето.
Опасност од повреда!
Изгребаното стакло на вратата од уредот 
може да прсне. Не користете стругач за 
стакло, остри или средства за чистење 
што гребат.
Опасност од повреди!
Несоодветниот сад може да пукне. 
Садовите од  порцелан и керамика може 
да имаат мали дупчиња на рачките и 
капакот. Зад овие дупчиња се крие 
празен простор. Влагата што навлегла  
во празниот простор може да доведе до 
пукање на садот. Користете само сад 
погоден за микробрановата печка.
Причини за дефекти
Внимaниe!
Создавање искри: Металот, на пр. лажицата во чаша - мора 
да биде оддалечена најмалку 2 цм од ѕидовите на печката и 
внатрешната страна на вратата. Искрите би можеле да го 
уништат внатрешното стакло од вратата.
Вода во топлиот простор за готвење: Никогаш немојте да 
истурате вода во топлиот простор за готвење. Тоа ќе 
предизвика пареа. Со промената на температурата можат да 
настанат штети.
Влажна храна: Немојте да чувате влажна храна подолго 
време во затворениот простор за готвење.
Немојте да чувате јадења во уредот. Тоа може да доведе до 
корозија.
Ладење со отворена врата од уредот: Просторот за готвење 
се лади само затворен. Немојте да заглавувате ништо во 
вратата од уредот. Дури и кога вратата е отворена сосема 
малку, соседните компоненти со текот на времето можат да 
се оштетат.
Многу извалкан дихтунг: Доколку дихтунгот е многу извалкан, 
вратата од уредот не се затвора правилно. Површината на 
мебелот во близина може да се оштети. Дихтунгот секогаш 
нека биде чист.
Работа на микробрановата печка без јадење: Работата на 
уредот без јадење во комората за готвење води до 
оптоварување. Никогаш не го вклучувајте уредот без да 
ставите јадење во него. Исклучок од ова е краткотраен тест 
за садот, види поглавје микробранова печка, сад.
Врата на уредот како површина за седење или одложување: 
Не треба ништо да се става или да се поставува на 
отворената врата од уредот. На вратата од уредот не треба 
да се ставаат садови или опрема.
Транспортирање на уредот: Немојте да го носите или држите 
уредот за рачката од вратата. Рачката на вратата не може да 
ја издржи тежината на уредот и може да се скрши.
Подготвување пуканки во микробрановата печка: Не 
поставувајте преголема јачина на микробрановата печка. 
Наместете макс. на 600 вати. Кесата со пуканки секогаш 
ставајте ја на стаклена чинија. Стаклото може да пукне 
поради преоптоварување.
Претечената течност не смее да доспее преку ротирачка 
чинија во внатрешноста на уредот. Набљудувајте го процесот 
на готвење. Најпрво наместете пократко времетраење на 
готвењето и доколку е потребно продолжете го 
времетраењето.
Никогаш не ја користете микробрановата печка без 
ротирачката чинија.