Bosch HBC 84 H 501 User Manual

Page of 72
8
3. Притиснете го копчето 
n
.
Рерната почнува да грее.
По еден час, исклучете ја рерната. Притоа, свртете го бирачот 
на функции во нулта позиција.
Чистење на опремата
Пред да ја употребите опремата за прв пат, исчистете ја 
темелно со врел раствор од средство за перење и мека крпа.
Поставување на печката
За поставување на Вашата печка, имате различни можности. 
Овдека ќе Ви објасниме, како да ги поставите саканиот начин 
на подгревање и температурата или степенот на печењето. За 
Вашето јадење, можете да го поставите времетраењето на 
печката. Погледнете во поглавјето Поставување на функциите 
за време за таа цел.
Поставете ги видот на топлина и 
температура
Пример на сликата: Топол воздух 
3
 на 200 ºC.
1. Со бирачот на функции поставете го видот на топлина.
2. Со бирачот на температура поставете ја температурата или 
степенот на скара.
3. Притиснете го копчето 
n
.
Рерната почнува да грее.
Се отвори вратата на рерната за време на работата
Работата ќе запре. По затворање на вратата притиснете на 
копчето 
n
. Работата продолжува да тече.
Запирање на работата
Со притискање на копчето 
n
 работата запира. Со 
притискање на копчето 
n
, работата продолжува.
Исклучување на рерната
Свртете го бирачот на функции во нулта позиција.
Промена на основните поставки
Видот на топлина и температурата или степенот на скара може 
да ги подесите во секое време со соодветниот бирач.
Брзо загревање
Со помош на брзото загревање, Вашата рерна ја постигнува 
поставената температура особено брзо.
Употребувајте го брзото загревање при поставени температури 
над 100 ºC. Брзото загревање е достапно за следните видови 
на топлина:
3
 Топол воздух
0
 Степен за пица
4
 Скара со циркулација на воздух
За да одржите еднаков резултат од готвењето, најпрво ставете 
го вашето јадење во комората за готвење, доколку е завршено 
брзото загревање.
1. Поставете ги видот на топлина и температура
2. Притиснете го 
c
 копчето.
На приказот свети ознаката 
c
.
3. Притиснете го 
n
 копчето.
Рерната почнува да грее.
Брзото загревање е прекинато
Се слуша сигнал. Ознаката 
c
 на приказот се гаси. Ставете го 
јадењето во рерната.
Прекин на брзото загревање
Притиснете го копчето 
c
 . Ознаката 
c
 на приказот се гаси.
Автоматско безбедносно исклучување
Автоматското безбедносно исклучување се активира, кога 
уредот работи подолго време без поставено времетраење. 
Кога уредот ќе се исклучи, зависи од поставениот начин на 
работа и од температурата.
Пример: Доколку рерната работи со топол воздух при 160 °C, 
таа автоматски ќе се исклучи по околу 5  часа.
Во полето на приказот се појавува 
“ƒ
. Уредот се исклучува. За 
излез, притиснете го копчето 
n
.
Микробранова печка
Микробрановите во храната се претвораат во топлина. 
Микробрановите можете да ги употребувате соло, т.е. сами или 
комбинирано со некој друг начин на греење. Ќе добиете 
информации за садовите и ќе може да прочитате, како да ја 
поставите микробрановата печка.
Напомена: 
Во поглавјето Тестирано за Вас во нашето студио за готвење 
ќе најдете примери за одмрзнување, греење и готвење со 
микробрановата печка.