Samsung RS51K54F02C, Side by Side, technologia Twin Cooling, 510 l User Manual

Page of 852
Безбедносни информации
Македонски
8 
Безбедносни информации
•  Пред да се користи, овој фрижидер мора прописно да биде поставен и 
инсталиран во согласност со упатството.
•  Приклучете ја приклучницата во правилна положба, така што кабелот ќе виси 
надолу.
 - Ако ја приклучите приклучницата наопаку, жицата може да се откачи и да 
предизвика пожар или струен удар.
•  Погрижете се приклучницата да не е смачкана или оштетена со задната страна на 
фрижидерот.
•  Чувајте ги материјалите од амбалажата подалеку од децата.
 - Постои смртна опасност од задушување ако детето го стави материјалот од 
пакувањето на главата.
•  Уредот мора да се постави на тој начин што приклучницата ќе биде достапна и по 
инсталацијата.
 - Во спротивно, може да дојде до струен удар или пожар поради протекување 
на струјата.
•  Не инсталирајте го уредот на влажна, маслена или правлива локација или на 
локација изложена на директно сонце и вода (капки дожд).
 - Оштетената изолација на деловите на електричната инсталација може да 
предизвика струен удар или пожар.
•  Ако во фрижидерот има прав или вода, извлечете ја приклучницата и јавете се во 
сервисниот центар на Samsung Electronics.
 - Во спротивно, постои опасност од пожар.
•  Не качувајте се врз уредот и не ставајте предмети врз него (алишта, запалени 
свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети, итн.).
 - Ова може да предизвика струен удар, пожар, проблеми со производот или 
повреда.
•  Треба да ја отстраните целата заштитна пластична обвивка пред да го приклучите 
производот за прв пат.
Untitled-42   8
2016-08-30     5:28:23