Panasonic NA107VC4 Operating Guide

Page of 40
Инструкции за перење - 15
Перење
Внимание
По перење на висока температура, 
внимавајте да не се изгорите кога 
ракувате со облеката или да не ја 
допрете внатрешноста на барабанот.
Забелешка
-  Ако детергентот не е целосно 
отстранет од облеката со користење 
на основната програма, користете ја  
Extra Rinse функцијата.
-  Ако полнењето е големо, облеката 
може да се заглави во внатрешноста 
на барабанот. Ова е нормално.
-  Оставете ја вратата на уредот 
отворена за да овозможите 
барабанот да се исуши по 
отстранувањето на облеката.
-  Отстранете ја облеката и пресортирајте 
ја, ако е неопходно. Не оставајте ја 
облеката во барабанот премногу долго 
по завршувањето на програмата, бидејќи 
може да испушти боја.
 Потребно време
Поставување на алармот
Промена на поставките за 
време на перењето
Времето зависи од избраните поставки за 
програма и температура.
-  Реалното време може во мала мера да 
се разликува од прикажаното.
-  Прикажаното време го вклучува 
потребното време за исполнување со 
вода и испуштање вода, така што варира 
во зависност од притисокот на водата, 
испуштањето на водата и количеството 
на облеката.
-  Ако е потребно, облеката во барабанот 
да се избалансира, времето ќе биде 
продолжено.
За да го вклучите или за да го исклучите 
алармот што се огласува кога програмата 
ќе заврши, следете ги овие инструкции.
Истовремено притиснете и задржете ги 
копчињата Temperature и Time најмалку 
3 секунди.
Поставката за аларм ќе биде исклучена 
откако ќе слушнете звучен сигнал.
Поставката за аларм ќе биде вклучена 
откако ќе слушнете два звучни сигнала.
Откако ќе почне перењето, функциите за 
програмата, температурата, претходно 
нагоденото време и дополнителното 
плакнење нема да може да се менуваат.
За да ги промените поставките за 
функциите за програмата, температурата, 
претходно нагоденото време и 
дополнителното плакнење, исклучете го 
уредот, а потоа повторно вклучете го.