Panasonic NA107VC4 Operating Guide

Page of 40
20 - Инструкции за перење
Перење на чувствителна облека
Програма Wool (Волна) 
 Полнење со волнена облека
Совети за перење на 
чувствителна облека
При програмата Wool барабанот се врти 
бавно.
За детали за инструкциите за перење, 
видете на стр. 14-15.
Wool програма: 2 кг или помалку
Приближна тежина
Волнен џемпер: 400 g
-  За волнена облека, користете нежен 
течен детергент. Другите детергенти 
можат да ја оштетат облеката.
-  Со програмата Wool (Волна), треба да ја 
користите функцијата Extra Rinse 
(Дополнително плакнење) за да го 
отстраните вишокот детергент од 
облеката. (Видете на стр. 22.)
Детергенти
Ставање облека во барабанот
Ставете ги една врз друга, во куп.
-  За кошули, блузи и панталони користете 
закачалки.
  Закачалката можете да ја обвиткате со 
крпа приближно во ширината на 
рамената на облеката за да се врати во 
нејзината форма додека се суши.
Закачување на облеката за да се суши
-   Закачете ги белата или лесно-обоената 
волнена облека и најлонската облека 
понастрана од директна топлина или 
сончева светлина.
-   По перењето, извадете ја волнената и 
најлонската облека и пред да ги 
закачите под сенка, вратете им ја 
нивната нормална форма. Со ова 
заштедувате време при пеглањето.
-   Волнената облека закачете ја без да ја 
превиткате или наберете или раширете 
ја за да се исуши.
Ако облеката се собере за време на 
перењето (при перењето)
Раширете ја облеката според нејзината 
оригинална големина на штицата за 
пеглање. Користете игли за облека за да ја 
задржите големината и формата. Потоа 
употребете пегла со пареа за да ја 
навлажните, а потоа оставете ја да се 
исуши.