Panasonic NA107VC4 Operating Guide

Page of 40
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
4 - Прочитајте пред употреба
Ве молиме, прочитајте ги и следете ги овие 
безбедносни мерки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ова опишува проблеми што можат да 
предизвикаат смрт или сериозна 
повреда.
Општа употреба
-  Овој уред не е наменет за употреба од 
страна на лица (вклучувајќи и деца) со 
намалени физички, сетилни или 
ментални способности или недостаток на 
искуство и знаење, освен ако не им е 
определен надзор или им се дадени 
инструкции за употреба на овој уред од 
лице одговорно за нивната безбедност.
-  Децата треба да се надгледуваат за да 
се уверите дека не си играат со уредот.
-  НЕ поставувајте сталажа или стол во 
близина на уредот. 
  Децата може да го дофатат контролниот 
панел, да се качат или да влезат во 
уредот.
-  Исклучете го доводот на вода за уредот 
доколку не го употребувате подолг 
период, како за време на празници. Ова 
е особено важно ако во близина на 
уредот нема одвод. 
  Ако доводот на вода не е исклучен, 
притисокот од водата може непотребно 
да се зголеми и да резултира со 
протекување.
-  НЕ инсталирајте го уредот на влажно 
место или место изложено на временски 
влијанија.
  Ова може да резултира со дефект, 
намалена функционалност, електричен 
удар или пожар.
-  НЕ полевајте или не истурајте вода 
директно на кој било дел од уредот. Ова 
може да резултира со дефект, 
електричен удар или пожар.
-  Изворите на отворен оган, како свеќи 
или цигари, држете ги подалеку од 
уредот.
  Ова може да предизвика пожар или 
оштетување на уредот.
-  Запаливите материјали држете ги 
подалеку од уредот, на пример бензин, 
разредувач, алкохол или облека 
навлажнета со овие материи.
  Можат да предизвикаат експлозија или 
пожар.