Panasonic KXTGB212FX Operating Guide

Page of 56
43
Често поставувани прашања
Прашање
Причина/решение
Зошто w трепка?
L
Слушалката е многу далеку од базата. Поместете ја 
поблиску.
L
Адаптерот за наизменична струја на базата не е правилно 
поврзан. Поврзете го повторно адаптерот на базата.
L
Слушалката не е регистрирана во базата. Регистрирајте ја 
(стр. 45).
Зошто не можам да повикувам?
L
Можеби режимот за повикување не е поставен правилно. 
Сменете ја поставката (стр. 41).
Што треба да направам кога 
слушалката не се вклучува?
L
Проверете дали батериите се правилно ставени. 
L
Наполнете ги батериите докрај.
L
Исчистете ги контактите за полнење и наполнете повторно.
Колку трае работното време на 
батеријата?
L
Кога користите целосно наполнети Ni-MH батерии 
(доставените батерии);
Во непрекината употреба: 16 часа макс.
Кога не е во употреба (мирување): 280 часа макс.
L
Нормално е батериите да не го достигнат целосниот 
капацитет при првичното полнење. Максималната работа 
на батериите се постигнува по неколку целосни циклуси на 
полнење/празнење (користење).
L
Вистинската работа на батериите зависи од користењето и 
опкружувањето.
Дали може да ја оставам 
слушалката на базата или на 
полначот кога не ја користам?
L
Дури и откако батериите целосно ќе се наполнат, 
слушалката може да се остави на базата или на полначот 
без некој негативен ефект врз батериите.
Кога треба да ги заменам 
батериите?
L
Ако батериите се целосно наполнети и се прикажува 5, 
а се прикажува 7 по неколку повици, заменете ги 
батериите со нови.
Што е PIN?
L
PIN е 4-цифрен број што мора да се внесе за да се сменат 
одредени поставки на базата. Зададениот PIN е “0000”.
Што треба да направам за се 
прикажат податоци за 
повикувачот?
L
Мора да се претплатите на услугата за идентификација на 
повикувачот. Контактирајте со давателот на услугата/
телефонската компанија за детали.
Што треба да направам кога се 
слуша врева, звукот се прекинува 
и го снемува?
L
Ја користите слушалката или базата во област со големи 
електрични пречки. Преместете ја базата и користете ја 
слушалката подалеку од извори на пречки.
L
Поместете се поблиску до базата.
L
Ако користите DSL/ADSL-услуга, препорачуваме да 
поврзете DSL/ADSL-филтер помеѓу базата и приклучокот 
за телефонската линија. Контактирајте со давателот на 
DSL/ADSL за детали.
L
Исклучете го адаптерот за да ја ресетирате базата и 
исклучете ја слушалката. Повторно вклучете го адаптерот, 
вклучете ја слушалката и обидете се повторно.
TGB21xFX_7 language_QG.book  Page 43  Monday, March 10, 2014  10:41 AM