Panasonic ESSA40 Operating Guide

Page of 8
пред чистење за да спречите електричен шок. 
Ако го чистите уредот со вода, не употребувајте солена или 
топла вода. Не го потопувајте уредот под вода подолг 
период. Избришете го со крпа натопена со вода и сапун. Не 
употребувајте разредувачи, бензин или алкохол.
 
Чување на машинката за бричење
 
Исклучете го уредот од адаптерот за полнење пред да го 
складирате. Уредот не е наменет за употреба од страна на 
лица (вклучувајќи и  деца) со намалени физички, сензорни 
или ментални способности, или недостиг на знаење и 
искуство, освен ако не се надгледуваат или насочуваат во 
врска со употребата на уредот од лице одговорно за 
нивната безбедност. Децата треба да се надгледуваат за 
да се осигурате дека не си играат со уредот. Чувајте ги 
овие инструкции за употреба на безбедно место.
 
Важно
 
Пред употреба
 
Оваа машинка за СУВО/ВЛАЖНО бричење може да се 
употреби за влажно бричење со пена за бричење или за 
суво бричење. Водоотпорниот уред можете да го 
употребувате во бањата и да го чистите во вода. Ова е 
симбол за машинка за влажно бричење. Тоа значи дека 
уредот може да се употребува во тушот или бањата.
 
Третирајте се со влажно бричење најмалку три недели и 
почувствувајте ја разликата. Вашата Панасоник машинка за 
СУВО/ВЛАЖНО бричење бара малку време за навикнување 
бидејќи на вашата кожа и брада им е потребен еден месец  
зада се прилагодат на новиот метод на бричење.
 
Употреба на машинката за бричење
 
Внимание – Надворешната фолија е многу тенка и може да 
се оштети ако не се употребува правилно. Проверете дали 
фолијата е оштетена пред да го употребите уредот. Не го 
употребувајте уредот ако фолијата е оштетена бидејќи ќе ја 
исече вашата кожа.
 
Полнење на машинката за бричење
 
Не употребувајте друг адаптер за полнење освен оној кој е 
дизајниран за овој модел (RE7-52).Приклучете го адаптерот 
во штекер во домот каде што нема влага и ракувајте со 
суви дланки. Уредот може да се загрее при полнење. Ова 
не е дефект. Не го полнете уредот на места каде што ќе 
биде изложен на директна сончева светлина и други извори 
на топлина.
 
Соодветна собна температура за полнење е 0-40 °C.
 
Кабелот не може да се замени. Ако кабелот се оштети, 
уредот треба да се отфрли.
 
Чистење на машинката за бричење
 
Предупредување – Исклучете го адаптерот за полнење
 
Акустична бучава:
 
Во режим на бричење:64 (dB (A) re 1 pW) 
Во режим „тример“:64 (dB (A) re 1 pW)
 
М
ак
ед
онс
ки
 
СПЕЦИФИКАЦИИ
 
Извор на напојување: Види плочка со информации на уредот. 
Волтажа на моторот:1.2V DC 
Време на полнење: 8 часа 
Уредот е наменет само за домашна употреба.