Panasonic ESSL41 Operating Guide

Page of 12
 
Внимание                                                                        
 
• 
Надворешната фолија е многу тенка и може да се 
оштети доколку не се користи правилно. Проверете да 
не e оштетена фолијата пред да почнете да ја користите 
машинката. Не ја користете машинката ако фолијата е 
оштетена бидејќи може да се исечете.
 
• 
Двете внатрешни сечила треба да бидат на место. Ако 
е поставено само едно сечило, машинката може да се 
оштети.
 
• 
Не се обидувајте со притисок да ја притиснете фолијата 
до усните или до друг дел од лицето. Не ја поставувајте 
фолијата на дамки или повредени делови од лицето.
 
• 
Ако ја чистите машинката со вода, не користете солена 
вода или топла вода. Не ја оставајте машинката 
потопена во вода подолг период.
 
• 
Чистете го надворешниот дел од машинката само со 
мека и малку влажна крпа натопена во вода од чешма 
со малку сапун. Не користете бензин, алкохол или 
други хемикалии. 
 
• 
По користењето, чувајте ја машинката на место без влага.
 
• 
Не ја чувајте машинката на места каде што ќе биде 
изложена на директна светлина или други извори на 
топлина.
 
• 
Држете го приклучокот кога ја исклучувате 
машинката од струја. Ако го влечете кабелот, може 
да дојде до оштетување.
 
• 
Не ја делете машинката со семејството или други 
луѓе бидејќи може да дојде до инфекција или 
воспалување.
 
• 
Кога не ја користите машинката, чувајте ја секогаш во 
држачот за да не дојде до гребење на надворешната 
фолија.
 
Оваа машинка има вградена батерија што може повтор-
но да се полни. Не ја фрлајте батеријата во оган, не ја 
држете до извор на топлина, не ја полнете, не ја корис-
тете и не ја оставајте во средина со висока температура.
 
•   
Исклучете го уредот од штекер пред да почнете да го 
чистите за да спречите електричен шок.
 
•   
Користете го само доставениот АС адаптер (RE7-69) 
(RE7-74 
за Обединетото Кралство). Не го користете 
доставениот адаптер за полнење други уреди.
 
•   
Прекинете со користење доколку дојде до оштета и 
неправилно работење на уредот
 
•   
Вклучете го уредот во штекер каде што нема влага и 
ракувајте со него со суви раце.
 
•   
Никогаш не го користете АС адаптерот во бањата.
 
•   
Никогаш не го мијте АС адаптерот со вода.
 
•   
Не ја отстранувајте и не ја заменувајте батеријата за 
повторно да го користите уредот. Ова може да 
предизвика пожар или електричен шок. Замената треба 
да се изврши од авторизиран сервисен центар.
 
•   
Кога не ја користите машинката, извадете ја од 
адаптерот
 
•   
Не го виткајте кабелот и не го намотувајте на 
адаптерот.
 
•   
Кабелот на адаптерот не може да се замени. Ако се 
оштети, адаптерот не може да се користи и треба да се 
отстрани.
 
4
 
Предупредување
 
Важно!
 
Ви благодариме што ја избравте Панасоник машинката за 
бричење ES - SL41. Со нашата нова  WET/DRY технологија, 
можете да уживате во користењето на Панасоник машинката и 
на суво и под туш за нежно и лесно бричење. Ве молиме пред 
да почнете да го користите уредот да го прочитате упатството.