Panasonic KXTGA806FX Operating Guide

Page of 80
57
Регистрирање на слушалката во базата
Уверете се дека слушалката е вклучена. Ако не е вклучена, притиснете и 
држете {ic} неколку секунди за да ја вклучите слушалката.
1
Слушалка: 
Подигнете ја слушалката и притиснете {ic}.
2
База: 
Продолжете со постапката за вашиот модел.
N
KX-TG6611/KX-TG8051/KX-TG8611
Притиснете и држете {x} околу 5 секунди. (Нема тон за регистрација)
N
KX-TG6621/KX-TG8061
Притиснете и држете {x} околу 5 секунди, додека да се слушне тонот 
за регистрација.
• Ако започнат да ѕвонат сите регистрирани слушалки, притиснете го 
{x}
 повторно за да престанат, а потоа повторете го овој чекор.
3
Слушалка: 
Ставете ја слушалката во базата или на полначот.
• Продолжете со постапката дури и ако на екранот на слушалката се 
прикаже “Почекајте 1 минута.”.
4
Додека слушалката се наоѓа во базата или на полначот, почекајте 
додека не се слушне тон за потврда и не се прикаже w.
Забелешка:
• Ако се слушне тон за грешка или ако се прикаже _, регистрирајте ја 
слушалката според упатството за употреба на базата.
• KX-TG6611/KX-TG8051/KX-TG8611 нема опција за систем за одговор.
• Опциите за систем за одговор се достапни само кога слушалката ќе се 
регистрира со KX-TG6621/KX-TG8061.
За ваша безбедност
За да спречите тешка повреда или губење на живот/имот, внимателно прочитајте го 
овој дел пред да го употребвате производот за да обезбедите правилна и безбедна 
работа на вашиот производ.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Поврзување со струја
• Целосно ставете го адаптерот за наизменична струја/приклучокот за струја во 
штекерот. Ако не направите така може да се предизвика струен удар и/или 
прекумерна топлина што ќе предизвика пожар.
• Редовно чистете ја прашината и др. од адаптерот за наизменична струја/приклучокот 
за струја така што ќе го извадите од штекерот и ќе го избришете со сува крпа. 
Насобраната прашина може да предизвика проблем во изолцијата од влага, што 
може да предизвика пожар.
TGA661FX(fx).book  Page 57  Thursday, February 24, 2011  9:03 AM