LG LGD620 Guía Del Usuario

Descargar
Página de 540
87
Звук
Профил на звук – Изберете Звук, Само вибрација или Бесчујно.
Јачини на звук – Прилагодете ги поставките за јачина на звук на телефонот според вашите 
потреби и опкружувањето.
Јачина на вибрации – Ви овозможува да поставите јачина на вибрации за повици, 
известувања и повратна информација при допир.
Тивок режим – Поставете Тивок режим.
   Сега вклучете го тивкиот режим – Допрете го преклопникот за моментално 
префрлување помеѓу вклучено или исклучено.
   Поставете тивко време - Допрете го преклопникот за префрлување помеѓу Вклучено 
или Исклучено. Исто така, можете да поставите денови и времиња за автоматско 
вклучување на тивкиот режим.
 Вибрации 
– Штиклирајте за вибрации кога е вклучен тивок режим.
  Поставки за дојдовен повик
    Блокирај дојдовни повици 
 Штиклирајте за блокирање на сите влезни повици.
     Дозволи повторени повици  Штиклирајте за да дозволите повик кој се повторува 
во рамки на 3 минути.
     Список со дозволени контакти  Назначете од кои контакти ќе бидат дозволени 
повици.
     Автоматски одговори на блокирани повици  Поставете на кој начин сакате 
автоматски да се одговори на повиците за кој е исклучен звукот.
 Помош – Допрете за да погледнете информации за помош на тивок режим.
Тон за ѕвонење на телефон – Поставете тон за ѕвонење за повици. Исто така, тон за 
ѕвонење можете да додадете и преку допирање на
 
 во горниот десен агол на екранот.
Мелодија за ѕвонење со вибрации – Штиклирајте за да поставите вибрирање на 
телефонот заедно со тонот за ѕвонење при примање на повици.
Вибрирање при дојдовен повик – Поставување на опции за вибрации кај дојдовни 
повици.
Нежни вибрации – Штиклирајте за постепено зголемување на вибрациите до 
поставеното ниво на јачина.
Говорни известувања – Допрете го преклопникот Говорни известувања за 
префрлување помеѓу Вклучено или Исклучено. Опцијата Вклучено овозможува вашиот 
телефон автоматски да ве известува при влезни повици и пораки.