LG D295 Manual De Usuario

Descargar
Página de 500
42
Повици
Започнување на втор повик
1  
За време на првиот повик, допрете   Додај повик и внесете го бројот. Исто така, 
можете да ја погледнете листата на неодамна бирани броеви преку допирање на 
Евиденција на повици или можете да ги пребарувате контактите преку допирање на 
Контакти и избирање на контактот кој сакате да го повикате.
2  
Допрете 
 за да започнете повик.
3  
Двата повици ќе бидат прикажани на екранот. Вашиот иницијален повик ќе биде 
заклучен и ќе биде ставен на чекање.
4  
Допрете го прикажаниот број за да ги замените повиците. Или допрете 
 Спојување 
повици за да остварите конференциски повик.
5  
За да ги завршите активните повици, допрете Крај или допрете 
 и повлечете ја 
надолу лентата за известувања и изберете ја иконата Заврши повик 
.
ЗАБЕЛЕШКА: Трошоците се пресметуваат за секој повик одделно.
Прегледување на евиденцијата на повиците
На почетниот екран, допрете 
 и изберете Евиденција на повици.
Се прикажува комплетна листа на сите бирани, примени и пропуштени повици.
СОВЕТ!
Допрете кој било запис од евиденцијата на повици за да погледнете датум, време и 
траење на повикот.
Допрете  , потоа допрете Избриши сè за бришење на сите снимени записи.
Поставки за повици
Можете да ги конфигурирате поставките за телефонски повици, како проследување на 
повици и други специјални функции понудени од вашиот оператор. 
1  
На почетниот екран, допрете 
.
2  
Допрете  .
3  
Допрете Поставки за повици и изберете ги опциите кои сакате да ги прилагодите.