LG D295 Manual De Usuario

Descargar
Página de 500
65
Допрете за префрлување помеѓу режимите на повторување за 
повторување на сите песни, повторување на тековната песна или за 
исклучување на повторувањето.
Допрете за да ја додадете песната во вашите омилени.
Допрете за да ја отворите тековната листа за репродукција.
Допрете за пристап до Пребарај, Додади во листа за репродукција, 
Избриши, Сподели, Постави како тон за ѕвонење, Музичко видео, 
Детали или Поставки.
За промена на гласноста на музиката, притиснете ги копчињата за зголемување и 
намалување на јачината на звукот на левата страна од телефонот.
Допрете и задржете на која било песна во листата. Ќе се прикажат опциите Репродуцирај
Додади во листа за репродукцијаСподели, Постави како тон за ѕвонење, Избриши, 
Детали и Пребарување.
Додадете музички фајлови на телефонот
Започнете преку пренесување на музички фајлови на телефонот:
Пренесете ја музиката со помош на Медиумско синхронизирање (MTP).
Превземете од безжичен интернет.
Синхронизирајте го вашиот телефон со компјутер.
Примете фајлови преку Bluetooth.
Пренесување на музика со помош на Медиумско синхронизирање (MTP)
1  
Поврзете го телефонот со PC преку USB кабел.
2  
Изберете ја опцијата Медиумско синхронизирање (MTP). Вашиот телефон ќе 
се појави како уште еден хард диск на компјутерот. Кликнете на драјвот за да го 
прегледате. Ископирајте ги фајловите од вашиот PC во фолдерот на драјвот.