LG LG Wine Smart - LG H410 Guía Del Usuario

Descargar
Página de 430
64
65
Поставки
Дополнителни поставки
Ви овозможува да ги промените дополнителните поставки за повици.
< Делење >
USB делење
Ви овозможува да ја споделувате интернет врската со вашиот 
компјутер преку USB кабел.
Wi-Fi пристапно
Исто така, вашиот телефон можете да го користите за да овозможите 
мобилна широкопојасна врска. Креирајте “жешка точка” и споделете ја 
вашата врска. 
Bluetooth поврзување
Ви овозможува да се поврзувате на други уреди преку Bluetooth.
Помош
Прикажува помошни информации во врска со USB делењето, Wi-Fi 
“жешките точки” и Bluetooth поврзувањето.
< Повеќе >
Режим на работа во авион
Режимот на работа во авион (режим на летање) ви овозможува да 
користите разни функции на вашиот телефон, како игри и музика, 
кога се наоѓате на место каде што воспоставувањето или примањето 
повици или користењето на податоци е забрането. Кога ќе го поставите 
телефонот во режим на работа во авион, тој не може да остварува или 
да прима повици или да пристапува до онлајн податоци.
Мобилни мрежи
Ова мени ви овозможува да конфигурирате разни поставки за 
мобилната мрежа.