Zanussi ZWG7120K Manual De Usuario

Descargar
Página de 52
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информациите за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓаат со
напојувањето со струја. Доколку не се
совпаѓаат, контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Потрудете се да не го оштетите
приклучникот за струја и кабелот.
Контактирајте со сервисот или со
електричар за да го променат
оштетениот кабел за струја.
• Поврзете го приклучникот за струја со
штекерот дури на крајот на
монтирањето. Проверете дали штекерот
за струја е пристапен по монтирањето.
• Не повлекувајте го кабелот за струја за
да го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучникот.
• Не допирајте го кабелот за струја или
приклучникот со влажни раце.
Поврзување со вода
• Потрудете се да не ги оштетите цревата
за вода.
• Апаратот треба да се поврзе со довод
на вода со користење на дадените нови
комлети на црева. Не смеат повторно да
се користат старите комплети на црева.
• Пред да го поврзете апаратот со нови
цевки или цевки што не биле користени
подолго време, водата нека тече додека
не започне да тече чиста вода.
• Кога за прв пат го користите апаратот,
проверете дали од некаде протекува.
Употреба
• Овој апарат е наменет за употреба во
домаќинство и за други слични примени
како на пр:
– Кујнскиот простор за вработените во
продавниците, канцелариите и
другите работни околини
– Фарми
– Од страна на клиенти во хотели,
мотели и друг вид на сместувачки
објекти
– Сместување на база на спиење и
појадок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
повреди, струен удар, пожар,
изгореници или оштетување на апаратот.
• Користете го апаратот само во домашни
услови.
• Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
• Следете ги упатствата дадени на
пакувањето на детергентот.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на апаратот.
• Не допирајте го стаклото на вратата
додека програмата е во функција.
Стаклото може да биде жешко.
• Погрижете се да ги тргнете сите
метални предмети од алиштата за
перење.
Грижа и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од
повреда или оштетување на апаратот.
• Пред одржување, деактивирајте го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Не користете воден спреј и пареа за
чистење на апаратот.
• Чистете го апаратот со мека, влажна
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунѓери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од
повреда или задушување.
• Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
 
3
www.zanussi.com