Samsung SM-T700 Manual De Usuario

Descargar
Página de 193
Основни информации
30
• 
 : Додајте ставка од клип-таблата.
• 
 : Променете ги Нагодувања за тастатура.
• 
 : Внесете емотикони.
• 
 : Изменете го типот на тастатура. Можете да ја однесете тастатурата на друга локација 
со влечење на јазичето.
Копирање и пресликување
Задржете допрено преку текст.
Влечете   или   за да го изберете саканиот текст, или допрете Избери ги сите за да го 
изберете целиот текст.
Допрете Копирај или Исечи. Избраниот текст се копира во посредната меморија.
Поставете го покажувачот во точката каде сакате да го внесете текстот, и потоа допрете 
 → Пресликај. За да пресликате текст што сте го ископирале претходно, допрете   → 
Посредна меморија и изберете го текстот.
Слика на екран
Доловете слика на екран додека го користите уредот.
Држете го притиснато Копчето Дома и копчето за јачина на звук истовремено. Сликата 
на екранот се зачувува во папката 
Галерија → 
 → Албум → Screenshots. Откако сте 
доловиле слика на екран, можете да ја уредите сликата и да ја споделувате со други.
Исто така, можете да доловувате слики на екран користејќи други методи. Осврнете се на 
 за повеќе информации.
Не е возможно да се слика екранот додека се користат одредени апликации.