LG P920 LG Optimus 3D Manuel Du Propriétaire

Page de 508
15
Вашиот почетен екран
Отклучување на екранот
За да го активирате телефонот, 
притиснете го копчето за 
напојување/заклучување
Ќе се прикаже екранот за 
заклучување. Допрете и 
повлечете во која било насока на 
екранот за заклучување за да го 
отклучите почетниот екран. Ќе се 
отвори последниот екран кој бил 
прикажуван.
Почетен екран 
За приказ на панелите 
едноставно повлечете со прстот 
налево или надесно. Можете 
да го прилагодите секој панел 
со апликации, превземени 
содржини, widget-и и заднини.
ЗАБЕЛЕШКА:
 Одредени слики на 
екран може да се разликуваат во 
зависност од обезбедувачот на 
телефонот.
На долниот дел од почетниот 
екран можете да ги видите 
брзите копчиња. Брзите копчиња 
овозможуваат едноставен 
пристап со еден допир до 
функциите кои најчесто ги 
користите.
 Допрете ја иконата за 
Телефон за да се појави 
површината за бирање на допир 
заради упатување на повик.
 Допрете за да ја отворите 
иконата за контакти.
 Допрете ја иконата за 
Пораки за да пристапите до 
менито за пораки. 
Тука можете да креирате нова 
порака.
 Допрете ја иконата за 
Апликации за приказ на сите 
инсталирани апликации. Само 
допрете за да се движите низ 
вашите апликации.