LG D405N Mode D'Emploi

Page de 516
85
да се паузира видео записот кој се репродуцира во моментот.
Помош – Отворање на водич за помош околу користењето на функциите за Потези на 
уредот.
Калибрација на сензорот за движење – Ви овозможува да ја подобрите прецизноста на 
закосувањето и брзината на сензорот.
< Дејство со една рака >
Табла со броеви за бирање
 – Штиклирајте за да овозможите преместување на 
тастатурата за бирање кон десната или левата страна на уредот. Едноставно допрете ја 
стрелката за извршите преместување кон едната или другата страна.
LG Тастатура – Штиклирајте за да овозможите преместување на тастатурата кон десната 
или левата страна на уредот. Едноставно допрете ја стрелката за извршите преместување 
кон едната или другата страна.
Заклучен екран – Штиклирајте за да овозможите преместување на тастатурата на 
заклучен екран со PIN кон десната или левата страна на уредот. Едноставно допрете ја 
стрелката за извршите преместување кон едната или другата страна.
Помош – Приказ на информациите околу управувањето со една рака.
< Меморија >
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА
 – Погледнете го користењето на внатрешната меморија.
SD КАРТИЧКА – Проверете го вкупниот достапен простор на SD картичката. Допрете 
Оневозможи SD картичка заради сигурно отстранување. Ако сакате да ги избришете сите 
податоци од SD картичката, изберете Избриши SD картичка.
< Батерија >
ИНФОРМАЦИИ ЗА БАТЕРИЈА
Информациите за наполнетоста на батеријата се прикажани на графикот за батеријата, 
заедно со процентот на преостанатата енергија и статусот. 
Допрете ја иконата за полнење на батеријата за приказ на екранот за употреба на 
батеријата, со цел да го погледнете нивото на користење на батеријата и деталите за 
користењето. Се прикажува кои компоненти и апликации најмногу ја трошат батеријата. 
Допрете еден од записите за да погледнете подетални информации.
Ниво на батеријата на статусната лента – Штиклирајте за приказ на процентот на 
наполнетост на батеријата, на статусната лента покрај иконата за батерија.
ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
Допрете го преклопникот за Заштеда на енергија за префрлување помеѓу Вклучено или