LG LGV935 Mode D'Emploi

Page de 509
46
46
Поставување на Google сметка
По најавувањето, уредот се синхронизира со вашите Google 
услуги, како Gmail, Контакти и Google календар. Исто така, можете 
да користите мапи, да преземате апликации од Play Store, да ги 
архивирате вашите поставки на Google сервери и да ги користите 
предностите на другите Google услуги на вашиот уред.
ВАЖНО
•  Некои апликации, како Календар, работат само со првата Google сметка која 
ќе ја додадете. Ако планирате да користите повеќе од една Google сметка со 
вашиот уред, прво најавете се со сметката која сакате да ја користите со таквите 
апликации. Кога ќе се најавите, вашите контакти, Gmail пораки, настани во 
Календарот и останатите информации од овие апликации и услуги на интернет 
ќе се синхронизираат со вашиот уред. Ако не се најавите на Google сметка за 
време на поставувањето, од вас ќе се побара да се најавите или да креирате 
Google сметка првиот пат кога ќе активирате апликација за која е потребна таква 
сметка, како Gmail или Play Store.
•  Ако имате сметка од фирма преку вашата компанија или друга организација, 
вашиот ИТ оддел може да има специјални инструкции околу тоа како да се 
најавите на таа сметка.