LG P920 Optimus 3D Manuel Du Propriétaire

Page de 508
21
Фотоапарат
За да ја отворите апликацијата за Фотоапарат, од почетниот екран, 
допрете 
 > Фотоапарат 
.
Основни информации за визирот (Режим на 
фотоапарат)
Замена на фотоапарат – Ви овозможува префрлување помеѓу предниот и задниот 
објектив.
Поставки – Допрете ја оваа икона за да 
се отвори менито за поставки.
Блиц – Овозможува вклучување на 
блицот при снимање на фотографии на 
темни места.
Премин помеѓу 2D - 3D режимите – 
Допрете ја оваа икона за префрлување 
помеѓу режимите на 3D камера и 2D 
камера.
Сними – Ви овозможува да снимите 
фотографија.
Видео режим – Допрете ја оваа икона 
за префрлување во режим на видео.
Галерија – Ви овозможува да им 
пристапите на зачуваните фотографии 
и видео записи во рамките на режимот 
за фотоапарат. Само допрете и вашата 
галерија ќе се појави на екранот.
Осветленост – Со ова се одредува и контролира количеството на сончева светлина 
кое навлегува во леќата. Повлечете го индикаторот за осветленост по лентата, кон 
“-” за слика со пониска осветленост, или кон “+” за слика со повисока осветленост.
Бленда со насмевка – Кажете Насмевнете се кога сте подготвени да снимите фотографија. 
СОВЕТ! 
Можете да ги затворите сите опции за кратенки за да добиете 
почист екран на визирот. Едноставно допрете го еднаш центарот на 
визирот. За враќање на опциите повторно допрете го екранот.