LG G4 s Mode D'Emploi

Page de 534
16
Важно известување
Ве молиме прочитајте го ова пред да започнете со употребата 
на вашиот телефон!
Пред да го однесете телефонот на сервис или да повикате претставник 
на сервисот, проверете дали проблемот со кој се соочувате кај 
телефонот е опишан во овој дел.
1. Меморија на телефон 
Кога во меморијата на телефонот има помалку од 10MB слободен 
мемориски простор, телефонот нема да може да прима нови пораки. 
Потребно е да ја проверите меморијата на телефонот и да избришете 
дел од податоците, како апликации или пораки за да добиете повеќе 
слободна меморија.
За деинсталирање на апликации:
1  
Допрете   >   > 
 > картичката Општо > Апликации.
2  
Откако ќе се појават сите апликации, придвижете се и изберете ја 
апликацијата која сакате да ја деинсталирате.
3  
Допрете Деинсталирање.
2. Оптимизирање на траењето на батеријата
Продолжете го траењето на батеријата со исклучување на функциите 
кои нема потреба постојано да се извршуваат во заднина. Можете да 
надгледувате колку апликациите и ресурсите на системот ја трошат 
батеријата.
Важно известување