LG H650E Mode D'Emploi
90
Поставки
• Гласовни известувања за порака/повик – Допрете го
преклопникот за Известување за порака/говорен повик за
префрлување помеѓу Вклучено или Исклучено. Опцијата Вклучено
овозможува вашиот телефон автоматски да ве известува при
влезни повици и пораки.
Екран
< ПОЧЕТНА СТРАНИЦА & ЗАКЛУЧИ >
Почетен екран
• Cелектирај почетно – Поставете го Почетна Страница или
EasyHome како зададен почетен екран.
• Smart Bulletin – Допрете го преклопникот за Smart Bulletin за
префрлување помеѓу Вклучено или Исклучено. Со активирање
на оваа функција се додава дополнителен почетен екран кој ги
прикажува прилагодените информации.
• Тема – Поставување на темата на екранот за вашиот уред. Можете
да преземате нови теми од LG SmartWorld.
• Слика за заднина – Ја поставува сликата за заднина на вашиот
почетен екран.
• Ефект на екран – Изберете го саканиот тип на ефектот кој ќе се
прикаже кога брзо ќе повлечете од една слика на почетниот екран
кон наредната.
• Дозволи кружење на почетниот екран – Се прикажува првиот
екран по последниот при придвижување на почетниот екран.
• Помош – Прикажува помошни информации за почетниот екран.