Samsung WW10H9600EW/EO Manuel D’Utilisation

Page de 896
Македонски - 13
ИНС
ТАЛИР
АЊЕ
Одвод
Samsung препорачува хидрант со височина од 65 cm. Цревото за одвод мора да биде приклучено на хидрантот преку 
затегнувачот на цревото, а хидрантот мора целосно да го покрие цревото за одвод.
Поставување на под
За најдобро функционирање, машината за перење мора да се инсталира на цврст под. Кај дрвените подови може да 
биде потребно зајакнување за да се минимизираат вибрациите и/или небалансираното работење. Килимите и меките 
површини не се отпорни на вибрации и може да предизвикаат мало придвижување на машината за перење за време 
на циклусот на центрифуга.
ВНИМАНИЕ
НЕ ја инсталирајте машината за перење на платформа или структура со слаба потпора.
Температура на водата
Не ја инсталирате машината за перење во области во кои е можно замрзнување на водата, бидејќи машината за 
перење секогаш задржува малку вода во вентилите за вода, пумпите и/или цревата. Замрзнатата вода во приклучните 
делови може да предизвика оштетување на ремените, пумпата и другите компоненти на машината за перење.
Инсталирање во плакар или отвор
Минимален слободен простор за стабилно функционирање:
Странично
25 mm
Задна страна
50 mm
Горна страна
25 mm
Предна страна
550 mm
Доколку машината за перење и машината за сушење се инсталирани на исто место, предниот дел од плакарот мора 
да има непречен отвор за воздух од најмалку 550 mm. Само за машината за перење не е потребен посебен отвор за 
воздух.
Untitled-9   13
2016-05-23   �� 3:27:49