Samsung RF56J9041SR Manuel D’Utilisation

Page de 592
Македонски - 16
ДОПОЛНИТЕЛНИ 
СОВЕТИ ЗА 
ПРАВИЛНА 
УПОТРЕБА
•  Во случај на прекин во 
електрична енергија, прашајте 
во локалната канцеларија на 
претпријатието за снабдување 
со електрична енергија колку 
долго ќе трае прекинот.
 - Повеќето прекини на електрична 
енергија коишто се отстрануваат 
во рок од еден или два часа не 
влијаат на температурите во 
фрижидерот. 
Меѓутоа, за тоа време треба 
да го сведете отворањето на 
вратата на минимум.
 - Ако прекинот на електрична 
енергија трае подого од 24 часа, 
извадете ја целосно замрзнатата 
храна.
•  Ако фрижидерот е опремен со 
клучеви, тие треба да се чуваат 
надвор од дофатот на децата и 
подалеку од уредот.
•  Уредот може да не работи 
ускладено (евентуално 
одмрзнување на содржината или 
покачување на температурата во 
замрзнувачот) кога е поставен 
подолг период под најниската 
предвидена температура за 
уредот.
•  Во случај на одредена храна, 
ако ја чувате во фрижидер може 
да има негативни последици за 
зачувување на храната поради 
нејзините состојки.
•  Вашиот апарат не фаќа мраз, 
што значи дека нема потреба од 
рачно одмрзнување, бидејќи тоа 
се изведува автоматски.
•  Порастот на температурата во 
текот на одмрзнувањето е во 
согласност со барањата ISO. 
Но, ако сакате да спречите 
несоодветно покачување на 
температурата на замрзнатата 
храна при одмрзнување 
на апаратот, завиткајте ја 
замрзнатата храна во неколку 
слоја весници.
•  Секој пораст на температурата 
на замрзнатата храна може 
да го скрати нејзиниот рок на 
траење.
•  Не замрзнувајте ја повторно 
замрзнатата храна којашто е 
целосно одмрзната.