Samsung RF56J9041SR Manuel D’Utilisation

Page de 592
Македонски - 30
МЕНУВАЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА 
ВОДА
•  За да го намалите ризикот од 
оштетување на имотот од вода, НЕ 
користете слични марки на филтри во 
вашиот SAMSUNG фрижидер. 
КОРИСТЕТЕ САМО ФИЛТРИ ЗА 
ВОДА ОД МАРКАТА SAMSUNG. 
SAMSUNG не сноси законска 
одговорност за оштетување, 
вклучувајќи го, но не ограничувајќи 
се на, оштетување на имотот 
предизвикано од протекување 
на водата поради користење на 
слични филтри за вода.
(Црвена)
Фрижидерите SAMSUNG се конструирани 
да работат САМО СО ФИЛТРИ ЗА ВОДА од 
SAMSUNG. 
Иконата на филтерот ќе стане црвена за да ви 
стави до знаење дека е време да ја замените 
влошката во филтерот. 
За да ви даде време да набавите нов филтер, 
сијалицата се пали малку пред да се потроши 
капацитетот на тековниот филтер. 
Навремената промена на филтерот ви 
обезбедува најсвежа и најчиста вода од вашиот 
фрижидер.
1.  Затворете го доводот на вода. 
Потоа, завртете го филтерот за вода ( 1 ) за 
околу 1/4 во насока спротивна на стрелките 
на часовникот.
2.   Извлечете го филтерот за вода ( 1 ) од 
касетниот филтер ( 2 ).
2
1
•  За полесна замена на филтерот за 
вода, затворете го вентилот за довод 
на вода.
•  Понекогаш, расклопувањето на филтерот 
за вода е тешко затоа што нечистотиите во 
водата предизвикуваат да се залепи. Ако 
оди потешко, фатете го филтерот за вода 
поцврсто и силно повлечете го.
•   Кога го извлекувате филтерот може да 
истече малку вода од отворот. Ова е 
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
нормално. За да ги сведете загубите на 
вода на минимум, држете ја влошката на 
филтерот хоризонтално додека ја влечете.
•  За да се спречи прелевање, испразнете го 
носачот на филтерот за вода ( 3 ) и исушете 
околу касетниот филтер ( 2 ).
3
2
3.  Вметнете го новиот филтер за вода во 
касетниот филтер ( 4 ).
4
4.  Турнете го филтерот внатре, па завртете го 
во насока на стрелките на часовникот за да 
се заклучи.
•  Ако имате проблеми со вметнување на 
филтерот поради високиот притисок 
на вода, затворете го вентилот за 
довод на вода.
•  Симболот за заклучување треба да се 
порамни со линијата на показателот.
5.  Допрете го копчето „Crushed/Hold 3 sec 
for Filter Reset“ („Кршен/Држи 3 секунди за 
ресетирање на филтерот“ ( 
(ресетирање филтер)
 ) 
во времетраење од околу 3 секунди за да 
го ресетирате филтерот за вода. Бојата на 
показателот станува црвена и се исклучува.
6.  Ако сте го затвориле доводот на вода, 
вклучете го.
•  За да го замените филтерот за вода 
може да го посетите локалниот центар за 
напредок или да се јавите кај дистрибутерот 
за резервни делови на Samsung.  
Проверете дали на кутијата на новиот 
филтер за вода го има логото на SAMSUNG.