Samsung RS51K54F02C, Side by Side, technologia Twin Cooling, 510 l Manuel D’Utilisation

Page de 852
Безбедносни информации
Македонски
12 
Безбедносни информации
•  Не оставајте ги вратите на фрижидерот отворени додека никој не го надгледува и 
не дозволувајте им на децата да влегуваат во фрижидерот.
•  Не дозволувајте им на бебињата или на децата да влегуваат во фиоката.
 - Тоа може да доведе до смрт од задушување поради заклучување или до 
телесна повреда.
•  Не преполнувајте го фрижидерот со храна.
 - Кога ја отворате или затворате вратата, предметите може да паднат и да 
предизвикаат телесна повреда или материјална штета.
•  Не распрскувајте испарливи материи, како инсектициди, на површината на 
уредот.
 - Освен тоа што е штетно за луѓето, може да доведе и до струен удар, пожар 
или проблеми со производот.
•  Немојте да ставате прсти или други предмети во дупката на диспензерот за вода, 
каналот за мраз и кофата на апаратот за правење мраз.
 - Тоа може да предизвика телесна повреда или материјална штета.
•  Не користете и не ставајте супстанци чувствителни на температура, како што 
се запаливи спрејови, запаливи предмети, сув мраз, лекови или хемикалии во 
близина на или во фрижидерот.
•  Не користете фен за коса за да ја исушите внатрешноста на фрижидерот. Не 
ставајте запалена свеќа во фрижидерот за отстранување на непријатните 
миризби.
 - Тоа може да доведе до струен удар или пожар.
•  Полнете ги резервоарот за вода, чинијата за мраз и коцките вода само со вода за 
пиење (минерална вода или прочистена вода).
 - Не полнете го резервоарот со чај, сок или спортски пијалаци, затоа што може 
да го оштетите фрижидерот.
Untitled-42   12
2016-08-30     5:28:23