Samsung RS51K54F02C, Side by Side, technologia Twin Cooling, 510 l Manuel D’Utilisation

Page de 852
Македонски 15 
Безбедносни информации
Опомени при употреба
ВНИМАНИЕ
•  Не замрзнувајте ја повторно замрзнатата храна којашто е целосно одмрзната. Не 
ставајте газирани пијалаци во комората на замрзнувачот. Не ставајте шишиња 
или стаклени садови во замрзнувачот.
 - Кога содржината во нив ќе замрзне, стаклото може да пукне и да предизвика 
телесна повреда.
•  Користете го само апаратот за правење мраз испорачан со фрижидерот.
•  Доводот за вода на фрижидерот поврзувајте го само во систем за снабдување 
на вода за пиење. За правилно работење на апаратот за правење мраз потребен 
е притисок на водата од 20 ~ 125 psi (138 ~ 862 kPa). Доколку планирате да не 
бидете дома подолг временски период (на пр. на одмор) и да не ги користите 
диспензерите за вода или мраз, затворете го вентилот за вода.
 - Во спротивно, може да дојде до истекување на водата.
•  Доколку не планирате да го користите фрижидерот подолг временски период, 
(3 недели или повеќе) испразнете го фрижидерот заедно со кофата за мраз, 
исклучете го, затворете го вентилот за вода, избришете го вишокот влага во 
внатрешноста и оставете ги вратите отворени за да спречите создавање на 
непријатни мириси и мувла.
•  За да постигнете најдобри перформанси на производот:
 - Не ставајте ја храната блиску пред отворите за вентилација на задниот дел од 
уредот, затоа што тоа може да го попречи слободното струење на воздухот во 
фрижидерот.
 - Правилно завиткајте ја храната или ставете ја во херметички затворени 
садови пред да ја ставите во фрижидерот.
 - Не ставајте чаши, шишиња или газирани пијалаци во замрзнувачот. Може 
да замрзнат и да се скршат. Скршените садови на пијалоци може да 
предизвикаат повреда.
 - Придржувајте се кон роковите на чување и роковите на траење на замрзнатите 
производи.
Untitled-42   15
2016-08-30     5:28:23