Samsung RS51K54F02C, Side by Side, technologia Twin Cooling, 510 l Manuel D’Utilisation

Page de 852
Македонски 43 
Операции
11 Издробен мраз / Ресетирање на филтерот (3 сек.)
Crushed Ice 
(Издробен мраз)
Можете да изберете тип на мраз.
Притиснете го копчето 
Crushed Ice (Издробен мраз) за да добиете издробен мраз. Се 
вклучува соодветниот показател.
Filter Reset 
(Ресетирање на 
филтерот)
По околу 6 месеци (приближно 1200 L) користење на оригиналниот филтер за вода, 
показателот за филтер трепка црвено за да ве потсети дека филтерот треба да се 
замени.
Доколку се случи тоа, заменете го филтерот и притиснете и задржете го копчето 
Crushed Ice (Издробен мраз) во траење од 3 секунди. Работниот век на филтерот ќе 
се ресетира, а показателот за филтер ќе се исклучи. 
ЗАБЕЛЕШКА
•  Во некои географски области во водата се содржи големо количество варовник. 
Ова може да го намали работниот век на филтерот. Во тие области, ќе морате да 
го менувате филтерот за вода почесто од горенаведениот период.
•  Доколку водата не истекува правилно, заменете го филтерот за вода, бидејќи ова 
се случува кога филтерот за вода е затнат.
12 Заклучување за деца (3 сек.)
Child Lock 
(Заклучување за 
деца)
За да спречите случајно ракување, притиснете и задржете го копчето 
Child Lock 
(Заклучување за деца) во траење од 3 секунди. Кога индикаторот (  ) е вклучен, 
сите контроли ќе бидат оневозможени. 
За да го деактивирате, повторно притиснете и задржете во траење од 3 секунди. 
Контролите ќе бидат овозможени како вообичаено.
Исклучување на екранот
За да ја намалите потрошувачката на енергија, екранот се исклучува автоматски доколку не се притисне 
ниедно копче кога вратите се затворени и рачките не се допрени одреден временски период. Доколку 
притиснете на кое било контролно копче или ја повлечете рачката, екранот веднаш се вклучува.
Untitled-42   43
2016-08-30     5:28:29