Samsung ME81K-1 Manuel D’Utilisation

Page de 160
Македонски - 10
ПРАВИЛНО ДЕПОНИРАЊЕ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД  
(ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА)
(Применливо во држави со посебни системи за справување со 
отпадот) 
Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува 
дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, 
слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со 
останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. 
За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје 
предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги 
одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги 
рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно 
користење на материјалните ресурси. 
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што 
го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за 
детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин 
безбеден по околината. 
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и 
да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој 
производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со 
друг комерцијален отпад.
За повеќе информации во врска со еколошките цели на компанијата Samsung 
и нејзините регулаторни обврски специфични за производите, на пр. REACH, 
посетете ја веб-страницата: samsung.com/uk/aboutsamsung/samsungelectronics/
corporatecitizenship/data_corner.html
инсталирање
ИНСТАЛИРАЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Поставете ја печката на рамна површина на височина од 85 cm од подот. Површината 
треба да е доволно цврста за да ја издржи тежината на печката.
1.  Кога ја поставувате печката, оставете соодветен 
простор за вентилација од најмалку 10 cm (4 инчи) 
одзади и од страните, како и 20 cm (8 инчи) од 
горната страна.
2.  Отстранете ја амбалажата од внатрешноста на 
печката.
3.  Поставете ги кружниот прстен и плочата. 
Проверете дали чинијата се врти слободно. (Само 
модели со вртлива плоча)
4.  Микробрановата печка треба да се постави така да приклучокот биде достапен.
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на 
производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат 
несакани ситуации. 
За ваша безбедност, приклучете го кабелот во соодветен AC приклучок со 
заземјување.
Не поставувајте ја микробрановата печка во топла и влажна околина како на пример 
во близина на шпорет или радијатор. Спецификациите за напојување на печката 
треба да се почитуваат и секој продолжителен кабел треба да ги задоволува истите 
стандарди кои важат за кабелот кој се испорачува со печката. Пред првото користење 
на микробрановата печка избришете ја внатрешноста и вратата за затворање со 
влажна крпа.
100
300 450W
700
800
600
1
3
10
9
8
7
6
5
4
2
0
35
20
30
25
15
10 cm од 
задната страна
20 cm од 
горната страна
10 cm 
странично
85 cm од 
подот
ME81K-1_BOL_DE68-04286C-00_MK.indd   10
2016-01-22     3:17:12