Panasonic ew1031 Mode D’Emploi

Page de 11
Превентивна функција за јак 
притисок 
Ако ја притиснете четката појако на 
вашите заби, се активира оваа 
функција автоматски намалувајќи 
го интензитетот на вибрациите како 
заштитна мерка за јак притисок. 
БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ: 
Во првите неколку дена може да 
дојде до мало крвавење од 
непцата, но со редовно користење 
на четката крвавењето треба да 
запре. Ако крвавењето трае повеќе 
од една недела, престанете да ја 
користите четката и консултирајте 
се со вашиот заболекар. 
ЗАБЕЛЕШКА: 
Се препорачува замена на главата 
на четката на секои 3 месеци. Ако 
влакненцата се навалени на една 
страна, четката нема да биде 
ефикасна. Заменете ја главата на 
четката со нова кога влакненцата 
ќе се свиткаат или истрошат. 
 
СОВЕТИ  ЗА КОРИСТЕЊЕ 
Четка со V-форма 
Внимателно четкајте околу забите 
кои не се прави. (сл. 6) 
Нежно поставете ги влакненцата 
на четката на ваште заби. 
Предни заби и меѓу забите и 
непцата: 
• Поставете ги вклакненцата под 
агол од 45°. (сл. 7) 
Четкање на површината за џвакање 
на забите: 
• Четкајте под агол од 90°. (сл. 8) 
Четкајте го задниот дел од забите 
или каде што забите не се рамни: 
• 
Четкајте вертикално. 
• 
Движете ја четката во согласност 
со аголот на забите. (сл. 9) 
ПО УПОТРЕБА 
Четката 
1. 
Измијте ја четката со вода и 
убаво истресете за да го отс-
траните вишокот вода. (сл. 10) 
2. 
Вратете ја четката на држачот. 
3. 
Со крпа избришете го главниот 
дел. Тврдите дамки избришете 
ги со вода. 
• 
Не го потопувајте главниот дел 
во вода долго време. 
• 
Откако ќе измиете со вода, 
исушете со сува крпа. 
• 
Не ја гребете и оштетувајте 
водоотпорната гумена обвивка 
бидејќи може водата да 
навлезе во уредот и да го 
оштети. 
4. 
Поставете го главниот дел на 
полначот. 
Ако идентификацискиот прстен се 
извади, ставете го пак назад (сл. 11) 
• 
Не го внесувајте со сила 
идентификацискиот прстен 
бидејќи може лесно да се скрши. 
• 
Употребата на четката без 
идентификацискиот прстен нема 
никаков ефект врз четката; 
прстенот служи само за 
идентификација на корисникот. 
ОДРЖУВАЊЕ 
Полнач 
Избришете го полначот со крпа. 
• 
Ако за чистењето е потребен 
детергент, користете благ и 
неутрален прочистувач.