LG H650E Guida Utente

Pagina di 490
 
 
10
Безбедност при патување
Запознајте се со законот и прописите за употреба на мобилните 
телефони во подрачјата во кои возите.
Не употребувајте ја телефонската слушалка додека возите.
Посветете го целосното внимание на возењето.
Застанете покрај патот пред да се започнете или одговорите на 
повик доколку тоа го налагаат условите за возење.
RF енергијата може да влијае врз некои електронски системи 
во вашето возило, на пр. врз стерео уредот или безбедносната 
опрема.
Ако вашето возило е опремено со воздушно перниче, 
внимавајте да не го попречите со инсталираната или 
преносливата безжична опрема. Може да дојде до 
неисправност на воздушното перниче или сериозни повреди 
заради направилното функционирање.
Доколку слушате музика додека сте излезени, ве молиме 
одржувајте ја јачината на звукот на разумно ниво, за да можете 
да бидете свесни за вашата околина. Ова е особено важно кога 
се наоѓате во близина на сообраќај.
Избегнете оштетување на слухот
За спречување на можното оштетување на слухот, немојте да 
слушате со голема јачина на звук подолги периоди.
Доколку подолг период бидете изложени на гласен звук, може 
да настане оштетување на вашиот слух. Ви препорачуваме 
вклучувањето и исклучувањето на апаратот да не го вршите блиску 
до вашето уво. Исто така ви препорачуваме јачината на звукот кај 
музиката и повиците да ја одржувате на разумно ниво.
Кога користите слушалки, намалете ја јачината на звукот ако не 
можете да го слушате зборувањето на луѓето во ваша близина, 
или ако лицето кое седи до вас може да го чуе она што го 
слушате.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Преголемиот звучен притисок од слушалките за во уши и 
слушалките за на глава може да предизвика оштетување на 
слухот.
Стаклени делови
Некои делови на мобилниот телефон се изработени од стакло. 
Стаклото може да се скрши доколку мобилниот телефон падне 
на тврда површина или прими силен удар. Доколку стаклото се 
скрши, не допирајте го и не обидувајте се да го отстраните. Не 
употребувајте го мобилниот телефон додека стаклото не биде 
заменето од страна на овластен сервисер.
Подрачје на минирање
Не употребувајте го телефонот додека во тек е минирање. 
Придржувајте се на ограничувањата и следете ги прописите или 
правилата.
Подрачја на можни експлозии
Не употребувајте го телефонот на места каде се полни гориво.
Не употребувајте го во близина на горива и хемиски средства.
Не пренесувајте или чувајте запаливи гасови, течности или 
експлозивни материјали во истиот дел на возилото во кој го 
чувате мобилниот телефон или дополнителната опрема.
Во авион
Безжичните уреди може да предизвикаат пречки во авион.
Исклучете го вашиот мобилен телефон пред да се качите во 
авионот.
Немојте да го користите додека авионот е на земја без дозвола 
од екипажот на авионот.