Zanussi ZTK123 Manuale Utente

Pagina di 60
внимателно пред монтажата (Погледнете во летокот за
монтажа).
Апаратот може да се постави самостојно или под кујнска
работна површина со правилен простор (погледнете во
летокот за монтажа).
Не монтирајте го апаратот зад врата што може да се
заклучува, лизгачка врата или врата со шарки на
спротивната страна, кадешто вратата на апаратот не
може целосно да се отвори.
Отворите за вентилација во основата (ако ги има) не
смеат да бидат попречени од килим.
Поврзете го приклучокот за струја со штекерот на крајот
од монтажата. Проверете дали приклучокот за струја е
пристапен по монтирањето.
Проверете дали има добра вентилација во собата каде
што е монтиран апаратот, за да избегнете враќање на
гасовите од други апарати што користат различно
гориво, вклучувајќи и отворен оган.
Издувниот воздух не смее да се испушта во оџак што се
користи за издувните гасови кои доаѓаат од запаливиот
гас или од други горива. (ако постои во опремата)
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој треба да
биде заменет од страна на производителот, негов
Овластен сервисен центар или слично квалификувани
лица за да се избегне опасност.
Почитувајте ја максималната количина на полнење од
7kg (погледнете во поглавјето „Табела со програми“).
Не користете го апаратот ако бил чистен со индустриски
хемикалии.
Исчистете ги сите влакненца кои се насобрале околу
апаратот.
Не користете го апаратот без филтер. Исчистете го
филтерот за влакненца пред или после секоја употреба.
Не сушете неиспрани предмети во машината за сушење.
Предметите извалкани со супстанции какви што се масло
за готвење, ацетон, нафта, керозин, средства за чистење
дамки, терпентин, восоци и средства за отстранување
17