Samsung RF56J9041SR Manuale Utente

Pagina di 592
Македонски - 28
( 3 )
Energy Saver (Штедење енергија)
(Држете 3 секунди за контролирање 
на заклучувањето)
Со допирање на ова копче се вклучува 
и исклучува режимот на штедење 
енергија. Кога ќе ја вклучите опцијата за 
штедење енергија, светнува соодветната 
икона.
Кога ќе ја исклучите опцијата за 
штедење енергија, соодветната икона 
престанува да свети.
Функцијата Energy Saver (Штедење 
енергија) е однапред фабрички 
поставена на On (Вклучено).
Ако на вратите се појават кондензација 
или капки вода, исклучете го режимот 
за штедење енергија.
Исто така, со притискање на ова 
копче во времетраење од 3 секунди се 
вклучува функцијата Child Lock (Блокада 
за деца) со којашто се заклучува 
панелот за приказ, а копчињата на 
диспензерот за копчињата не се во 
употреба.
Допирајте 3 секунди за отклучување.
( 4 ) Fridge (Фрижидер) 
(Држете 3 секунди за брзо ладење)
Допрете го ова копче за да го поставите 
фрижидерот на саканата температура. 
Може да ја нагодите температурата 
помеѓу 1 °C и 7 °C. 
Допрете и држете го ова копче во 
траење од 3 секунди за да го намалите 
времето потребно за ладење на 
производите во фрижидерот. 
Ова може да биде корисно за брзо 
ладење на артикли коишто лесно се 
расипуваат или кога температурата во 
фрижидерот драстично се зголеми. 
(На пример, вратата остнала отворена.)
( 5 )
CoolSelect+ (Контролирање на 
температурата+) (Комора во 
која може да се контролира 
температурата)
Со копчето CoolSelect+ (Контролирање 
на температура+), Cool Select Room 
(Комората во којашто може да се 
контролира температурата) се нагодува 
на едно од овие 4 поставки: Freezer 
(Замрзнувач), Soft Freezing (Слабо 
замрзнување), Chill (Разладување) или 
Cool (Ладење).
Држете го притиснато копчето CoolSelect+ 
(Контролирање на температурата+) три 
секунди за да ја активирате функцијата 
на Cool Select Room (Комора во којашто 
може да се контролира температурата), 
а потоа изберете едно од овие четири 
поставки.
Freezer (Замрзнувач)
Изберете Freezer (Замрзнувач) за да ја 
поставите истата температура како во 
замрзнувачот.
•  Користете го ова поставување за 
складирање на замрзната храна.
Soft Freezing (Слабо замрзнување)
Изберете Soft Freezing (Слабо 
замрзнување) за да ја нагодите 
температурата на -5 °C.
•  Користете го ова поставување за 
месото и рибата да бидат посвежи 
во фрижидерот.
Chill (Разладување)
Изберете Chill (Разладување) за да ја 
нагодите температурата на -1 °C.
•  Користете го ова поставување за 
складирање на стек, риба, сланина и 
сирење.
Cool (Ладење)
Изберете Cool (Ладење) за да ја 
нагодите температурата на 2 °C.
•  Користете го ова поставување 
за складирање на пијалаци (сок, 
безалкохолни пијалоци и пиво), 
зеленчук, овошје итн.