LG H420 ユーザーガイド

ページ / 526
83
Поставки
Пребарување на говор – Допрете за конфигурирање на поставките 
за пребарување со говор.
Излез за текст-за-говор – Допрете за поставување на претпочитан 
модул или општи поставки за репродукција на текст-во-говор.
Брзина на покажувачот – Прилагодување на брзината на 
покажувачот.
Локација
Вклучете ја услугата за локација, вашиот телефон ќе ја одреди вашата 
приближна локација со користење на Wi-Fi и мобилни мрежи. Кога ќе ја 
изберете оваа опција, ќе бидете запрашани дали се согласувате Google да 
ја користи вашата локација при обезбедување на овие услуги.
Начин на работа – Поставува како се одредуваат информациите за 
вашата тековна локација.
Фотоапарат – Штиклирајте за да означувате фотографии или видео 
снимки со нивните локации.
Известување за локација на Google – Ви овозможува да ги изберете 
поставките за вашата тековна локација до кои имаат пристап Google и 
неговите производи.
Сметки и синхронизација
Користете го менито за поставки на сметки и синхронизација за додавање, 
отстранување или управување со Google и другите поддржани сметки. 
Овие поставки можете да ги употребите и за контрола - како и дали сите 
апликации можат да испраќаат, примаат и синхронизираат податоци по 
нивен сопствен распоред и дали сите апликации можат автоматски да ги 
синхронизираат корисничките податоци. 
Gmail™, Calendar и другите апликации исто така може да имаат и 
сопствени поставки за контрола како тие вршат синхронизирање на 
податоци; погледнете ги деловите за овие апликации за повеќе детали. 
Допрете Додади сметка за да додадете нова сметка.