LG H420 ユーザーガイド

ページ / 526
90
Поставки
Резервна сметка – Приказ на сметката која се користи во моментот за 
архивирање на информации.
Автоматско враќање – Кога реинсталирате апликација, вратете ги 
зачуваните поставки и податоци.
LG Backup услуга – Архивирање на сите информации од уредот и 
нивно враќање во случај на губење на податоците или замена.
Ресетирање и поставување на фабрички податоци – Ресетирање 
на поставките на зададените фабрички вредности и бришење на сите 
ваши податоци. Ако го ресетирате телефонот на овој начин, од вас ќе 
биде побарано повторно да ги внесете истите информации како и при 
првото активирање на Android. 
Печатење
Ви овозможува да ги печатите содржините на одредени екрани (како што 
се веб-страници прикажани во Chrome) на печатач поврзан на истата Wi-Fi 
мрежа како и вашиот Android уред. 
За телефонот
Прегледајте ги правните информации, проверете го статусот на телефонот 
и верзијата на софтверот и извршете ажурирање на софтверот.