LG H955 オーナーマニュアル

ページ / 594
29
Вашиот почетен екран
Вашиот почетен екран
Совети за екранот на допир
Еве неколку совети како да се движите низ содржините на вашиот
телефон.
Допир – Со едно допирање со прст се избираат елементи,
линкови, кратенки и букви на тастатурата на екранот.
Допир и задржување – Допрете и задржете елемент на екранот
преку допирање и неподигнување на прстот додека не се случи
одредено дејство.
Повлекување со задржување – Допрете и задржете на елемент
за момент и потоа, без подигнување на прстот, придвижете го
по екранот додека не ја достигнете целната позиција. Можете да
повлекувате елементи на почетниот екран за да ги преместите.
Брзо повлекување или лизгање – За да извршите брзо
повлекување или лизгање, брзо придвижете го прстот преку
површината на екранот, без паузирање при првиот допир (во
спротивно ќе повлечете одреден елемент).
Двоен допир – Допрете двапати за зумирање на веб-страница или
мапа (доколку функцијата е поддржана од апликацијата).
Зумирање со прсти – Користете приближување или раздвојување
на палецот и показалецот за да го зголемување или намалување
на приказот кога го користите пребарувачот или мапите, или
кога разгледувате слики (доколку функцијата е поддржана од
апликацијата).
Завртување на екранот – Кај многу апликации и менија, физичката
ориентација на екранот се прилагодува на физичката ориентација
на уредот.