LG H955 オーナーマニュアル

ページ / 594
32
Вашиот почетен екран
Прилагодување на почетниот екран
Можете да го прилагодите вашиот почетен екран со додавање на
апликации и додатоци или менување на заднини.
Додавање на елементи на почетниот екран
1  
Допрете и задржете на празниот дел на почетниот екран.
2  
Од менито Режим на додавање, изберете го елементот кој сакате
да го додадете. Потоа, на почетниот екран ќе го забележите
додадениот елемент.
3  
Повлечете го елементот до саканата локација и подигнете го
прстот.
СОВЕТ! За да додадете икона на апликација на почетниот екран од менито
Апликации, допрете и задржете на апликацијата која сакате да ја додадете.
Отстранување на елемент од почетниот екран
Почетен екран > Допрете и задржете на иконата која сакате да ја
отстраните > потоа повлечете ја кон  .
Додавање на апликација како Брзо копче
Од менито Апликации или на почетниот екран, допрете и задржете
на икона на апликација и повлечете ја до областа за брзи копчиња.
Можно е да се додадат до 7 апликации.
Отстранување на апликација од областа за брзи копчиња
Допрете и задржете на саканото брзо копче и повлечете го кон  .
ЗАБЕЛЕШКА: 
Копчето Апликации не може да биде отстрането.