LG G5 ユーザーガイド

ページ / 758
6
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
Симбол
Опис
Исклучете го вашиот безжичен уред доколку од вас тоа го 
побара персоналот на аеродромите или во авионот. За повеќе 
информации околу користењето на безжичните уреди во авион, 
обратете се до екипажот. Доколку уредот има “режим на летање”, 
тој мора да се активира пред влегувањето во авионот.
Исклучете го уредот или безжичниот уред кога се наоѓате во 
подрачје во кое има експлозии или во подрачја за кои постојат 
совети за “исклучување на двонасочните радио уреди” или 
“електронските уреди” за да се избегне попречување во 
операциите и да се избегне предизвикување на експлозии.
Во подрачјата со потенцијално експлозивни атмосфери се 
вбројуваат и подрачјата со гориво, складиштата на бродовите, 
постројките за превоз или складирање на горива и хемикалии, 
подрачја каде воздухот содржи хемикалии или честички во облик 
на ситни зрна, прашина или метален прав.
Овој уред може да емитува силна или блескава светлина.
Не изложувајте го уредот и неговата дополнителна опрема на 
запален оган.
Не изложувајте го уредот и неговата дополнителна опрема на 
магнетни медиуми (дискети, кредитни картички итн.).
Не изложувајте го уредот и неговата дополнителна опрема на 
екстремни температури.
Не изложувајте го уредот и неговата дополнителна опрема на 
течности и влага.
Не обидувајте се да го расклопите уредот и неговата 
дополнителна опрема - единствено овластените лица може да го 
направат тоа.