LG G5 ユーザーガイド

ページ / 758
Приспособени одлики
25
QuickRemote
Преглед на QuickRemote
Можете да контролирате многу електронски уреди на разни места со 
користење на вашиот уред како далечинска команда.
Оваа одлика користи инфрацрвени (ИЦ) сигнали и работи многу слично 
на далечинската команда. Кога користите QuickRemote, не покривајте го 
инфрацрвениот сензор во горниот десен дел на уредот.
Оваа одлика може да се разликува или да не биде поддржана во 
зависност од областа, давателот на услуги или производителот на 
уредот.
Регистрирање уред за далечинско командување
Можете да регистрирате уред кој сакате далечински да го командувате со 
вашиот уред.
Допрете на     LG   QuickRemote.
Допрете на   за да ја специфицирате локацијата каде сакате да ја 
користите далечинската команда.
Допрете на   и изберете го типот и производителот на уредот што 
сакате далечински да го командувате.
Следете ги упатствата на екранот за да се осигурите дека одликата 
QuickRemote правилно работи со уредот.
Креирање универзална далечинска команда
Кога уредот што сакате да го контролирате со вашиот уред го нема на 
листата, можете да креирате приспособена универзална далечинска 
команда со уредување на често користените копчиња според вашите 
желби.
Допрете на     LG   QuickRemote.
Допрете на   за да ја специфицирате локацијата каде сакате да ја 
користите далечинската команда.