LG G5 ユーザーガイド

ページ / 758
Корисни апликации
111
RemoteCall Service
Може да се направи далечинска дијагноза на вашиот уред за решавање 
на проблемите. Прво повикајте го центарот за услуги на потрошувачите 
на следниов начин:
За да ја користите оваа функција, прво мора да се согласите да ја 
користите функцијата.
Ако користите мобилна податочна врска може да ви биде наплатено 
користењето на податоците зависно од вашата тарифа.
Допрете на     Управување   RemoteCall Service.
Поврзете го повикот со центарот за услуги на потрошувачите на LG.
Кога повикот ќе се поврзе, следете ги упатствата на партнерот од 
центарот за внесување на шестцифрениот број за пристап.
Вашиот уред е далечински поврзан и почнува далечинската услуга 
за поддршка.
SmartWorld
Можете да преземате разни игри, аудио содржини, апликации и фонтови 
обезбедени од LG Electronics. Приспособете го вашиот уред да одговара 
на вашите желби со користење теми за Основниот екран, теми за 
тастатури и фонтови.
Ако користите мобилна податочна врска може да ви биде наплатено 
користењето на податоците зависно од вашата тарифа.
Оваа одлика може да не биде поддржана во зависност од областа или 
давателот на услуги.
Допрете на     LG   SmartWorld.
Внесете ја вашата ознака за идентификација и лозинка и потоа 
најавете се.
Изберете и преземете ставки со содржини.