LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Основни функции
40
Ставање мемориска картичка
Уредот поддржува microSD-картички до 2 TB. Некои мемориски картички 
може да не бидат компатибилни со вашиот уред во зависност од 
производителот и типот на картичката.
Некои мемориски картички може да не бидат целосно компатибилни со 
уредот. Ако користите некомпатибилна картичка, тоа може да го оштети 
уредот или мемориската картичка или да ги оштети податоците на неа.
Ставете ја иглата за исфрлање во отворот на држачот на картички.
Извлечете го држачот на картички.
Ставете ја мемориската картичка во држачот на картички завртена со 
златните контакти надолу.
SIM-картичка
Мемориска картичка
Ставете го држачот на картички назад во отворот.
Мемориската картичка е дополнителен дел.
Честото запишување и бришење податоци може да го скрати работниот 
век на мемориската картичка.
Вадење мемориска картичка
Од безбедносни причини исклучете ја мемориската картичка пред да ја 
извадите.