LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Корисни апликации
100
E-mail
Преглед на апликацијата E-mail
Во вашиот уред можете да регистрирате сметка за електронска пошта 
и потоа можете да ја проверувате и да испраќате електронска пошта од 
вашиот уред.
Ако користите мобилна податочна врска може да ви биде наплатено 
користењето на податоците зависно од вашата тарифа. За повеќе 
информации консултирајте се со вашиот давател на услуги.
Регистрирање сметка за електронска пошта
Кога за прв пат ја користите апликацијата за електронска пошта, треба да 
ја регистрирате вашата сметка за електронска пошта.
Допрете на     LG   E-mail.
Изберете давател на услуги за електронска пошта.
Внесете ја вашата адресата за електронска пошта и лозинката и потоа 
допрете на СЛЕДНО за да ја регистрирате вашата сметка
За да регистрирате рачно сметка за електронска пошта или да 
регистрирате сметки за електронска пошта што не се листата, 
допрете на РАЧНО ПОСТАВУВАЊЕ.
Управување со сметките за електронска пошта
За да ги прегледате или уредите поставките за вашата сметка за 
електронска пошта, допрете на     Поставки.
За да додадете сметка, допрете на Додади сметка.
За да избришете сметка допрете на     Отстрани сметка.
Отворање друга сметка за електронска пошта
Ако се регистрирани неколку сметки за електронска пошта и вие сакате 
да погледнете друга сметка, допрете на   и изберете друга од листата 
со сметки.