LG G5 ユーザーガイド

ページ / 740
Додаток
140
Ажурирање софтвер на мобилен телефон на LG 
преку мобилната мрежа (OTA)
Оваа одлика ви овозможува едноставно ажурирање на софтверот на 
вашиот телефон со нова верзија преку OTA без користење USB-кабел. 
Оваа одлика е достапна само ако и кога LG ќе направи нова верзија на 
фирмверот соодветна за вашиот уред.
Прво проверете ја верзијата на софтверот во вашиот мобилен телефон:
Поставки   Општо   За телефонот   Центар за ажурирање   
Ажурирање на софтвер   Проверете сега за ажурирање.
Вашите лични податоци од интерната меморија на телефонот — 
вклучувајќи ги информациите за вашата сметка на Google и за другите 
сметки, податоците и поставките за системот/апликациите, кои било 
преземени апликации и вашата DRM-лиценца — може да се изгубат 
при постапката на ажурирање на софтверот на телефонот. Затоа 
LG препорачува да направите резервна копија на вашите лични 
податоци пред да го ажурирате софтверот на телефонот. LG не презема 
одговорност за какво било губење на лични податоци.
Оваа одлика зависи од областа или давателот на услуги.
ЧПП
Во ова поглавје се наведени некои проблеми со кои можете да се 
сретнете додека го користите телефонот. За некои проблеми треба да се 
јавите кај вашиот давател на услуги, но најголемиот дел од нив можете 
самите да ги решите.
Порака
Можни причини
Можни мерки за поправање
Грешка на SIM-
картичката
Во телефонот нема 
SIM-картичка или таа е 
погрешно ставена.
Проверете дали SIM-картичката 
е правилно ставена.