Samsung SM-G850F ユーザーズマニュアル

ページ / 217
Движења и корисни одлики
48
Воздушен преглед
Преминете преку една ставка со прстот за да ја прегледате нејзината содржина или за да ги 
видите информациите во скокачки прозорец.
На екранот со апликации, допрете 
Нагодувања → Воздушен преглед, и потоа допрете го 
копчето Воздушен преглед за да го активирате.
Повеќе прозорци
Во врска со Повеќе прозорци
Користете ја оваа одлика за истовремено работење со две апликации на екранот. Можете 
да ја користите оваа одлика за да прикажувате е-пораки или да користите Интернет додека 
истовремено репродуцирате видео-запис.
Стартување Повеќе прозорци
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Повеќе прозорци, и потоа допрете 
го копчето Повеќе прозорци за да ја активирате. Алтернативно, отворете го панелот за 
брзо нагодување и допрете Повеќе прозорци за да го активирате.