Samsung SM-G850F ユーザーズマニュアル

ページ / 217
Персонализирање
63
Кога инсталирањето ќе заврши, допрете ПОВРЗИ СМЕТКА PAYPAL.
Следете ги упатствата на екранот за да се најавите на интернет-страницата на PayPal и да 
ги регистрирате Вашите отпечатоци.
Приватен режим
Во врска со приватен режим
Користете ја оваа одлика за да спречите други да користат или да пристапуваат во 
специфични содржини, како слики и документи, складирани во уредот. Можете да зачувате 
содржина во специфична локација и да го деактивирате приватниот режим за да скриете 
ставки безбедно.
Сокривање содржина
На екранот со апликации, допрете Нагодувања → Приватен режим, и потоа допрете 
го копчето Приватен режим за да го активирате. Алтернативно, отворете го панелот за 
брзо нагодување и допрете Приватен режим за да го активирате.
Кога го активирате приватниот режим првпат, поставете еден код за отклучување и 
резервен PIN.
Внесете ја шифрата за отклучување на приватен режим.
Кога се активира овој режим,   се појавува во горниот дел на екранот.
За да изберете ставка што сакате да ја скриете, држете допрена една ставка во списокот, 
штиклирајте ставки што сакате да ги изберете и потоа допрете   → Премести во 
Приватно
.
Ставките што ќе се префрлат во приватен режим, се појавуваат со   на нив.
Кога сте ги избрале ставките што сакате да ги скриете, отворете го екранот со апликации, 
допрете Нагодувања → Приватен режим, и потоа допрете го копчето Приватен 
режим
 за да го деактивирате. Алтернативно, отворете го панелот за брзо нагодување и 
допрете Приватен режим за да го деактивирате.
Избраните ставки ќе исчезнат од екранот.